Пронајдени двете девојчиња од струмичко кои беа пријавени дека се изгубиле на екскурзија во Скопје

mvr_zgrada_34534534543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Двете девојчиња од Струмичко кои вчера беа пријавени дека се изгубиле на територијата на центарот на Скопје, се пронајдени синоќа околу 23.50 часот на бул. Борис Трајковски во Кисела Вода, соопшти МВР.

-Веднаш по добиената пријава од страна на полициските службеници преземени се соодветни мерки и малолетничките се пронајдени, наведуваат од МВР.


Девојчињата на возраст од 12 и од 14 години беа пријавени вчера околу 16 часот во СВР Скопје, од страна на нивната наставничка која ги водела на еднодневна екскурзија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK