Полицискa кола излетала од патот по удар од товарно возило што превезувало дрва

policija-mvr
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициска кола синоќа излетала од патот по удар од товарно возило што носело дрва, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Околу 21 часот на патот кон вештачкото езеро во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп и од СВР Велес дале знак за запирање на товарно возило „форд транзит“ без регистарски ознаки, натоварено со дрва, но, возилото продолжило со движење. Притоа, совозачот фрлал дрва по патот за да го блокира патот на полициските службеници, додека пак возачот на товарното, со задната страна го удрил службеното полициско возило и го спречил да го престигне. По што, службеното возило излетало од патот, се наведува во соопштението на МВР.


Товарното возило било пронајдено кај место викано „Три багреми“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK