Со барање за оставка од претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија почна денешниот протест на пензионерите во Скопје. На протестот има пензионери од сите краишта на земјава.
Пензионерите бараат линеарно зголемување на пензиите, а минималната пензија да биде еднаква на минималната плата. Од Сојузот на здруженија на пензионери не се согласуваат со протестите. Минатата година беше донесена нова методологија за пресметка на пензиите согласно која сега во септември пензиите треба да се зголемат за шест проценти.
Според најавите, пензионерите ќе протестираат и пред Министерството за труд и социјална политика каде ќе побараат средба со министерката Јованка Тренчевска.
Изминатиот период, пензионерите протестираа во своите градови изразувајќи незадоволство од процентуалното зголемување на пензиите. Минатата година беше донесена нова методологија за пресметка на пензиите согласно која сега во септември пензиите треба да се зголемат за шест проценти.