–>

Пензионерите бараат линеарно зголемување, за власта новата методологија е системско решение за постојан раст на пензиите

penzioneri_protest_345453
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Министерството за труд и социјална политика ќе ги разгледа сите барања на пензионерите и заедно и во дијалог со Сојузот на пензионери ќе ги креира понатамошните политики и мерки за пензионерите со посебен акцент на оние со пониски пензии, а во насока на обезбедување на достоен живот за сите граѓани.





Ова произлезе од вчерашната средба на министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, со претставниците на Иницијативниот одбор на пензионери, по одржаните протести во Скопје, на која тие ги изнеле своите барања меѓу кои, линеарно зголемување од 3500 денари на сите пензии, како и продолжување на усогласување согласно новата методологија воспоставена минатата година и одредување на минималната пензија во износ 80 отсто од минималната плата.

Од МТСП, посочуваат дека Тренчевска ги ислушала барањата, а во дискусијата за нив, таа истакнала дека пензионерите и унапредувањето на квалитетот на живот на највозрасната категорија граѓани, е приоритет на оваа Влада. Тоа, се посочува, го потврдуваат фактите дека од доаѓањето на оваа Влада, прво што беше отворено е прашањето за порастот на пензиите и обезбедувањето на достоен живот за сите.

– Минатата година низ транспарентен процес заедно со Сојузот на пензионери и Партијата на пензионери ја донесовме новата методологија која обезбедува усогласување со трошоците за живот и просечната плата. Тоа е најреалниот пораст на пензиите. Тоа е системско решение кое овозможува постојан раст на пензиите, рече Тренчевска.

Со последните измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година, и воведувањето на  новиот начин на усогласување на пензијата, со усогласување со комбиниран модел од 50 отсто пораст на просечната плата и 50 отсто пораст на трошоци на живот, пензиите пораснаа за околу 21 отсто, а заедно со усогласувањето во јануари 2022 година тоа е раст за околу 24 отсто од доаѓањето на овој владин состав, посочуваат од МТСП.

Во гостувањето во дневникот на Сител, министерката Тренчевска нагласи дека барањата за линеарно зголемување од 3500 денари на сите пензионери би изнесувало околи 220 милиони евра годишно и тоа би ја ставило под прашање стабилноста на фондот. Според неа, не се работи за популизам, туку треба да се размислува за системски решенија кои даваат резултати на долг рок.

-Не е праведно некој кој работел 30 – 40 години и исто толку години придонесувал во фондот, да се изедначува со некој кој работел 15 години…Не сакаме да бидеме популисти и да дадеме линеарно зголемување или зголемување на пензиите коишто ќе ги задоволат пензионерите за да после три-четири месеци ниеден пензионер во државата не земе пензија. Мора да се води сметка за стабилноста на Фондот, мора да се води сметка за секој пензионер секој месец да си ја добива пензијата која што си ја заслужил, истакна Тренчевска.

Според неа зад протестите стои опозициска партија, бидејќи вели, новата методологија со која е воспоставен систем во кој постојано растат пензиите, била прифатена од сите.

Ministry of Labour and Social Policy, following Monday’s meeting with representatives of pensioners from all across the country, said that all demands submitted to them will be reviewed and t

-Оваа методологија кога ја донесовме сите пензионери беа задоволни. Никој не се бунеше. Јасно е кој стои зад организацијата на овие пензионери кога ќе го видите иницијативниот одбор дека се членови на опозициска политичка партија, вели министерката за труд и социјална политика, вели Тренчевска.

Таа нагласи дека барањата на пензионерите ќе бидат разгледани и оти заедно со Сојузот на пензионери ќе се разговара за сите отворени  прашања, а усогласувањето на септемвриската пензија можно е да изнесува и повеќе од шест проценти.

-Не знаеме колку. Ние правиме проекции, меѓутоа на средината од август, кон крајот на август, за една недела ќе ги имаме податоците. Може да биде и седум. Ќе ги имаме точно податоците од Статистика колку биле трошоците на живот за претходното полугодие во споредба со претходното и колку бил порастот на просечната плата. И така ќе го добиеме коефициентот. И ова е најдобра методологија затоа што и кога нема да има инфлација, а просечната плата ќе ни расте постојано, и тоа го гледаме во изминатиот период, ние ќе имаме повторно покачување на пензиите. Нема да има инфлација, а ќе има пораст на пензиите, рече Тренчевска.

null

Според Тренчевска, искажаните ставови во однос на зголемувањето на платите на функционерите од 78 проценти, веќе не заслужуваат коментар, посочувајќи дека е тоа одлука на Уставниот суд, и при тоа укажа дека не само Владата туку и локалната самоуправа има обврска да се грижи за граѓаните.

-И јас не се согласувам со покачувањето, меѓутоа тоа е одлука на Уставниот суд, а законот мора да се почитува. Тој што не ја почитува одлуката на Уставниот суд, односно законот, врши кривична одговорност и ако пензионерите се бунат за овие 78 отсто нека одат да протестираат пред Устваниот суд. Само 45 функционери се во Владата, останатите се пратеници, градоначалници, судии и јавни обвинители. Најмал дел се во Владата. Меѓутоа законот е ист за сите. И во краен случај Владата прави за пензионерите – новата методологија, финансиска поддршка во делот на социјална поддршка на ранливите категории. Зошто ниту една локална самоуправа, а гледаме деновиве градоначалниците се јавуваат и го поддржуваат протестот, зошто ниту еден од тие градоначалници не донесе мерка со која што ќе ги поддржи граѓаните кои живеат на оваа територија, а имаат минимална пензија. Бидејќи не само Владата туку и локалната самоуправа имаат и право и обврска да се грижат за граѓаните, вели Тренчевска.

На протестотот што вчера се одржа во Скопје од Иницијативниот одбор на пензионерите побара усогласување на пензиите согласно објавените податоци од Државниот завод за статистика во ноември 2021 година, линеарно зголемување од 3.500 денари на основицата на пензијата и минималната пензија да биде 18.000 денари, како и веднаш да се укине Сојузот на здруженија на пензионери.

На протестот има пензионери од сите краишта на земјава. Тие се упатија кон Министерството за труд и социјална политика, а се движат од Градска болница, покрај републичкото Собрание. Улиците „

Како што истакнаа на протестот, Сојузот не ги застапува интересите на пензионерите и затоа побараа да се укине членарината од 30 денари и средствата за солидарен погреб од 150 денари месечно наместо во Сојузот да се плаќаат во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Побараа и двојно да се зголеми надоместокот за туѓа нега, да се зголеми надоместокот за социјална помош на лица кои останале без работа се до остварување на правото на пензија, поведување иницијатива за промена на Законот за пензиско и инвалидско осигурување и утврдување на најниска пензија согласно просечната плата и животните трошоци. Покрај тоа, побараа на позитивна листа да се внесат лековите за срцевите болни, за дјабетичарите и за ретки болести.

Протестот во Скопје, на кој имаше пензионери од сите краишта во земјава, почна пред Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија со барање за оставка од претседателката, потоа се упатија кон Министерството за труд и социјална политика каде одржаа средба со министерката Јованка Тренчевска.

Изминатиот период, пензионерите протестираа во своите градови изразувајќи незадоволство од процентуалното зголемување на пензиите.

Согласно новата методологија за пресметка на пензиите која беше донесена минатата година, септемвриските пензии се очекува да се зголемат за шест проценти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK