Претседателот на државата го одбил барањето за помилување на поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева. Од Кабинетот на претседателот на државата посочуваат дека негативно мислење дала и Комисијата за помилување.
– Претседателот го одби барањето за помилување на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Исто така и Комисијата за помилување, која е советодавно работно тело во Кабинетот на претседателот, даде негативно мислење по барањето, наведуваат од Кабинетот на претседателот.
Комисијата за помилување е советодавно тело на претседателот која листата со предлози за помилување ја доставува до претседателот на државата, кој ги потпишува решенијата.
Поранешната специјална обвинителка е осудена на седумгодишна затворска казна поради злоупотреба на службената положба и овластување како специјална јавна обвинителка во аферата „Рекет“