Од полноќ промена на цените на горивата

Паѓаат-цените-на-горивата-од-полноќ.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48% во однос на одлуката од 18.3.2024 година.


Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,561%, кај дизелот за 1,568%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 1,974% и кај мазутот зголемувањето е за 2,307%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,305%

Од 23.3.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 85,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 43,797 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK