Нови сведоци во случајот за убиството на Данка Илиќ: закажани рочишта, телото на детето сѐ уште не е пронајдено

Screenshot-2024-05-14-142137.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Вишото јавно обвинителство во Заечар на 27 и 28 мај е закажан распитот на нови сведоци во врска со истрагата против Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, осомничени за убиството на двегодишната Данка Илиќ, објавија српските медиуми.


Од обвинителството за Танјуг велат дека е завршен дел од ДНК-испитувањето на примероците земени од и од автомобилот што го управувале осомничените, а на нив не е пронајдена ДНК на девојчето.

Оттаму додаваат дека вештачењето на движењата на возилата на осомничените врз основа на ГПС уредот е во тек, додека психијатриското вештачење на осомничените е завршено, но наодот и мислењето на вештачењето се уште не се доставени до обвинителството.

Покрај Дејан Д. и Срѓан Ј., во притвор е и таткото на Дејан, кој е осомничен дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето.

Братот на Дејан Д., Далибор Драгијевиќ, почина на 7 април во просториите на Полициското одделение во Бор при приведување.

Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор, а полицијата по 10-дневна потрага и детални проверки на сите индиции и информации ги уапси Срѓан Ј. и Драган Д. од Бор, кои се осомничени дека го удриле девојчето со автомобил, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот на автомобилот и го однеле на депонија.

Телото на девојчето се уште не е пронајдено.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK