Либискиот парламент со седиште во источниот дел го суспендираше назначениот премиер Башага

libiski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Либискиот парламент со седиште во источниот дел на земјата денеска гласаше за суспендирање на назначениот премиер Фати Башага, кој е под истрага, соопшти денеска претседателот на парламентот Абдула Блихег.

Фати Башага беше премиер назначен од парламентот со седиште во источна Либија, познат како Претставнички дом, кој дејствува во Тобрук.


Парламентот го назначи министерот за финансии Осама Хамад за вршител на должноста премиер. Одлуката е донесена откако пратениците разговараа за работата на владата откако таа стапи на функција, објави Блихег на Твитер, пренесува ДПА.

Пред седницата на парламентот, Башага се обиде да ги делегира своите овластувања на својот заменик.

Во февруари минатата година, овој парламентот го назначи Башага за нов шеф на владата, но се покажа дека не може да влезе во главниот град Триполи или да ја преземе функцијата од премиерот Абдулхамид ал Дбеибе. Дбеибе, чија влада во главниот град Триполи е призната од Обединетите нации, ја отфрли одлуката на парламентот, инсистирајќи дека тој ќе ја предаде власта само по општи избори. Оттогаш, Башага се обиде и не успеа да влезе во Триполи, а неговиот кабинет се наоѓа во градот Сирт.

Владата на Дбеибе ја презеде функцијата во март 2021 година, како дел од процесот со посредство на ОН да ја води Либија до изборите планирани за декември 2021 година, кои никогаш не се одржаа.

Изборите се дел од планот поддржан од ОН за ставање крај на повеќе од една деценија хаос во Либија и ставање крај на политичкиот ќорсокак меѓу ривалските влади.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK