Извештај на „Фридом хаус“: Македонија забележала напредок, но и поларизација

fridom_house_34534543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Во најновиот извештај „Нации во транзиција“ на „Фридом Хаус“ се посочува дека Северна Македонија забележала демократски напредок изминатата година, но се нотира и силна политичка поларизација. Во извештајот се мери демократскиот напредок на државите во транзиција за период од една година.







Северна Македонија добила оценка 3.86 за демократски прогрес, а во претходниот извештај оваа оценка била 3.82. Во категоријата национално демократско владеење државата добила оценка 3.50, за изборен процес 4.50, за граѓанско општество 4.75, за независни медиуми 3.50, за локално демократско управување 4.25, за судска рамка и независност 3.25, додека за корупција била оценета со 3.25.

Во извештајот е наведено дека во Северна Македонија се нотира силна политичка поларизација и парламентарните блокади, го попречиле усвојувањето на законодавството на национално ниво, но оти прогресот на локалните власти во однос на транспарентноста, граѓанското учество и меѓуопштинската соработка, имал забележително позитивно влијание врз демократијата и исполнувањето на јавни услуги.

Земјите од Западен Балкан искажале разочарување во однос на пристапувањето во Европската Унија.

– Граѓаните на Западен Балкан се чувствуваат напуштени од домашните елити кои се спротивставуваат на демократските реформи и од меѓународните елити кои немаат решеност да го следат процесот на пристапување, пишува во извештајот.

Демократските институции на Западен Балкан продолжиле да слабеат во 2022 година, со скромни подобрувања во Северна Македонија, Албанија и во Косово.

Од земјите во Западен Балкан, Северна Македонија е најдобро рангирана. Србија во моментов го дели второто место на Западен Балкан со Црна Гора и Албанија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK