Исплатена првата транша во вредност од 10,4 милиони евра од унгарскиот кредит


evra.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Развојната банка ја исплати првата транша во износ од 10,4 милиони евра, кон комерцијалните банки за проекти на 47 компании, од новата кредитната линија за инвестиции и развој.


Структурата по вид на инвестиција од оваа транша е следна: 48% во градежи, 22% во опрема, 10% во обновливи извори на енергија и 20% инвестиции во транспортни средства. Со овие средства се поддржани 3 микро, 25 мали, 11 средни и 8 големи компании во државата. Од оваа транша во најголем дел се поддржани компании од областа на производството со износ од 3 милиони евра.

Првата транша е обработена и исплатена во најбрзо време, со оглед на тоа што Рамковните договори со банките се потпишуваа по 31.01.2025 година.

Развојната банка соопшти дека периодов интензивно работи на повлекување на втората транша, согласно барања за повлекување средства од страна на банките, за одобрени проекти наменети за инвестиции и развој на компаниите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK