Двегодишно девојче Данка Драгомировиќ исчезна денеска во Бањско поле во Бор.
Како што изјави нејзината мајка за „Телеграф.рс“, девојчето исчезнало во моментот кога му давала вода на друго дете.
„Се свртев да му дадам вода на другото дете и кога повторно погледнав, ја немаше“, раскажува преплашената мајка.
Според нејзините зборови, во моментот кога исчезнала, Данка носела виолетови панталони и маслинесто зелена јакна, и била со врзана коса.
Мајката вели дека на местото на настанот се собрале многу сограѓани, но и полицајци и пожарникари.