Градоначалниците ќе решаваат како да го исчистат сметот во Скопје, по штрајкот во Комунална хигиена

gjubre-skopje
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Скопје деновиве не се собира смет поради протест на вработените во Комунална хигиена кои бараат повисоки плати и враќање на отпуштените колеги од работа. Градот е полн со смет, а градоначалниците од Скопскиот плански регион денеска ќе одржат состанок на кој ќе расправаат за состојбата со хигиената во Скопје. Во меѓувреме, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ со помош на своите колеги од други општини синоќа почнаа да го чистат насобраното ѓубре, додека од Општина Центар најавија дека од утрово сами почнуваат со чистење на ѓубрето.

На состанокот, градоначалниците од Скопскиот плански регион ќе излезат со свој став за настанатата состојба.


Во меѓувреме, од скопските општини Центар и Аеродром, по реакција од граѓаните побараа од надлежните итно да најдат соодветно решение за собирање на сметот.

Двојно повеќе инспектори и целосна систематизација на инспекторската служба уште во првата година од мандатот, вети Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Општина Центар од СДСМ и

Од Општина Центар пак, најавија дека ќе почнат со чистење ѓубре во и надвор од контејнерите. Градоначалникот Горан Герасимовски соопшти дека утрово со работа почнуваат речиси сите хигиеничари од комуналната служба во ЈП „ПОЦ“ и дел од општинската администрација.

На терен ќе биде употребена целата механизација во сопственост на претпријатието како и дополнителна опрема за собирање смет.

Герасимовски испрати апел Град Скопје итно да ги реши проблемите во јавното претпријатие и да започне со чистење на градот. Граѓаните, како што посочи, не смее да бидат жртви на лошото управување во градот, ризикот по здравјето на граѓаните е огромен.

Сојузот на синдикатите на Македонија на својата фејсбук страна објави дека најостро ги осудува заканите кон вработените во Комунална хигиена Скопје по објавеното видео во медиумите каде, како

Инаку, вработените во „Комунална хигиена“ протестираат и бараат повисоки плати, подобри услови, исплата на К15 и враќање на отпуштените колеги од работа.

Директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева им вети на вработените дека ќе добијат К 15, но вели дека разговорите ќе продолжат од оваа недела.

null

Таа завчера на прес-конференција информира дека нема да дозволи политички центар да ја контролира работата на ова претпријатие и дека се поднесени пријави до МВР и до Обвинителството за заканите по живот кон неа и кон други вработени.

Имајќи ги превид препораките и заклучоците на Светската Здравствена Организација и Министерството за здравство за коронавирусот, најновите случувања во светот и регионот, каде државите превзе

И Сојузот на синдикатите на Македонија вчере излезе со ставот дека најостро ги осудува заканите кон вработените во Комунална хигиена Скопје, но и го осудува потегот на раководството да избрка од работа поголема група на вработени.

ССМ соопшти дека целосно ги поддржува вработените во Комунална хигиена во Скопје кои веќе неколку денови изразуваат револт кон раководството бидејќи, отпуштени биле десетици вработени, но и поради тоа што не им се исполнуваат барањата за зголемување на платите, К-15 и бенефициран стаж.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK