Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија и утрово се јавил во Судот, соопштија од јавното обвинителство

Ѓорѓе-Давид-не-ја-напуштил-Македонија-и-утрово-се-јавил.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Основното јавно обвинителство Куманово ја известува јавноста дека мерките на претпазливост определени спрема странскиот државјанин кој учествуваше во тешката сообраќајна несреќа кај Табановце се уште се на сила.


„Согласно информациите кои ги има обвинителството до овој момент, тој не ја напуштил државата и утрово се јавил во Судот како што му е определено. Резултатите од наредените вештачења неопходни за да се расчистат причините за сообраќајната несреќа се уште не се пристигнати до обвинителството“, велат оттаму.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK