Цариниците на пристаништето во Ротердам заплениле рекордни над осум тони кокаин

transporten brod
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Граничните службеници на пристаништето во Ротердам заплениле повеќе од осум тони кокаин скриени во контејнер со банани, соопшти денеска холандското обвинителство.

Британските медиуми наведуваат дека ова е најголемата пратка кокаин досега откриена на ова пристаниште.


Портпаролот на обвинителството изјави дека дрогата патувала од Еквадор, преку Панамскиот канал, до Ротердам. Пратката била откриена од полициски кучиња на 13 јули. Запленувањето на кокаинот, чија вредност се проценува на повеќе од 600 милиони долари, била чувана во тајност за да не се меша во истрагата.

Истрагата е во тек, а досега во Холандија не е приведено ниту едно осомничено лице.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK