Бислимоски: Во однос на регионот, Македонија е една од земјите со највисоки загуби на вода

voda-1.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски кажа дека загубите на вода во Македонија се некаде околу 62 проценти на ниво на цела држава.

„Тоа пред се се должи на голем број импровизации во овој сектор, како и на неинвестирање во инфраструктура и подобрување на таа инфраструктура. Ние како РКЕ кажавме дека не бегаме од таа одговорност и сме подготвени да ја определуваме крајната цена за сите водни услуги. Гарантираме дека ќе ја подобриме ефикасноста на компаниите, ќе овозможиме поголем број на инвестиции и за сметка на тоа ќе ги намалиме загубите на вода на државно ниво и нема да предизвикаме никакви ценовни шокови. Со намалување на загубите ќе се зголемат количините коишто ќе се фактурираат и на тој начин нема да има никакви потреби за зголемување на цената за водните услуги“, кажа Бислимоски.

Во однос на регионот, сме една од земјите со највисоки загуби, додаде претседателот на РКЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK