Не се отвора никаков простор за зголемување на цената на топлинска енергија за граѓаните. Во ниту еден случај нема да дојде до поскапување на цената на топлинска енергија за домаќинствата, може да дојде само до намалување, истакна денеска првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски.
„Дали ќе има субвенции или ќе нема, во текот на јуни ќе ја донесеме одлуката. Можевме и сега да носиме популистички одлуки кога ја намаливме цената за недомаќинствата, но се решивме за потрошувачите кои во енергетската криза ниту еднаш не беа субвенционирани, да им се помогне пред се на нив“, кажа Бислимоски на прес-конференција.
Во однос на најавите од одредени партии дека ќе се укинуваат одредени одлуки и ќе се носат одлуки за граѓаните, Бислимоски рече дека одлуки за цени за преност на електрична енергија, тарифни системи за дистрибуција и за преност, тарифен систем за универзалниот снабдувач, носи само Регулаторот за енергетика.
-Ниту партија вовела евтина тарифа, ниту партија може да укине надоместок, тоа може само РКЕ, додаде првиот човек на Регулаторна.
По реакциите дека воведувањето на 200 денари давачка за мрежарина било неуставно, Бислимовски нагласи дека укинувањето на истата, би ги зголемило цените на електричната енергија за прв блок за 9,3%, односно за евтина тарифа за 14,54 проценти.