СМС измамите се видови напади кои ги вршат измамници кои испраќаат лажни текстуални пораки како да се официјални СМС пораки од препознатливи брендови или организации. Заканата е дека овие и слични пораки можат да ги измамат луѓето да се јават на лажни телефонски броеви или да споделат чувствителни информации, што потенцијално може да доведе до губење пари. Прв чекор до безбедност е со проверка на сите пораки, поставување на вашиот код против фишинг и следење на најновите тактики за измама.
Нов бран на фишинг напади ги таргетира корисниците на Binance преку лажирање официјални СМС пораки. Станува збор за измамнички пораки кои се појавуваат во истата група за разговор како да се всушност легитимни известувања на Binance. Овие пораки може да изгледаат автентично, да ви се познати и да го носат истиот доверлив ID на испраќачот, но тие се сè друго освен безбедни.
Ова се чекорите што можете да ги преземете за да ја заштитите вашата сметка, со цел да не бидете изманипулирани од текст што изгледа премногу реален за да се игнорира.
Како да се заштитите
Сè останува на платформата
Сите активности на сметката, безбедносните предупредувања и активностите за поддршка се наоѓаат на апликацијата Binance или на официјалната веб страница – никаде на друго место. Ако преку СМС порака некој ве замоли да повикате телефонски број или да кликнете на сомнителен линк, не го правете тоа – станува збор за измама! Доколку имате сомнеж, користете го Binance Verify за да проверите два пати каков било линк, е-пошта или контакт.
Поставете го вашиот код против фишинг
Kодот од осум знаци се појавува на секоја официјална е-пошта или известување од Binance, помагајќи ви да потврдите дека е легитимен. Ако нема код, размислете двапати. Сè уште немате код? Поставете го веднаш.
Останете информирани, бидете чекор понапред
Измамниците секогаш смислуваат нови трикови, но знаењето е вашата прва и најдобра линија на одбрана. Бидете мудри, следејќи го Binance Risk Sniper на Square, каде што се анализираат најновите измами, тактики за преземање сметки и трендови на измами во реално време. За да ги подобрите вашите вештини за откривање измами, посетете ја Binance Academy и серијата блогови за безбедност.
Заклучок
Кога станува збор за онлајн безбедноста, технологијата може да оди до одреден степен – останатото зависи од вас. Измамниците ја чекаат вашата збунетост и потребата за брза реакција, но колку повеќе знаете, толку потешко им е да ве измамат. Binance е посветен да ви помогне да останете еден чекор понапред. Од имплементација на девет нивоа на мерки за контрола на ризикот против измами до ажурирања за измами во реално време на Binance Risk Sniper, Binance е тука за вас. Но, кој е најмоќниот штит? Знаењето – затоа што кога сте свесни, имате контрола.