Вашингтон и Токио ја зајакнуваат соработката во развојот на чипови

elektronika chipovi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

САД и Јапонија ќе ја продлабочат соработката во истражувањето и развојот на напредни чипови и други технологии, објавија претставници на двете земји, што е најнов знак за зајакнување на врските во компјутерската индустрија.

Одлуката, која вклучува и соработка во областа на квантната информатика и дискусии за вештачката интелигенција, беше објавена во време кога Вашингтон и Токио ја намалуваат својата изложеност кон Кина и работат заедно на проширување на производството на чипови и обезбедување напредни компоненти неопходни за економски раст.


САД, Јапонија и другите земји од Г7 минатата недела се согласија „на намалување на ризикот“, но не да се дистанцираат од Кина, нагласувајќи ја длабоката загриженост кај понапредните демократии за растечката технолошка моќ на Кина и нејзината улога во технолошките синџири на снабдување.

Во синоќешната заедничка изјава, двете земји се согласија да ја зајакнат соработката меѓу сопствените истражувачки и развојни центри додека планираат идна технолошка соработка.

Тие се согласија да работат заедно на „идентификување и решавање на географската концентрација на производството што ја поткопува еластичноста на синџирот на снабдување со полупроводници“. Тие, исто така, ветија дека ќе ги зајакнат синџирите на снабдување преку соработка со земјите во развој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK