Samsung ја проширува својата програма Wildlife Watch за да помогне во заштитата на животните од ловокрадство во јужноафриканската савана

samsung_WL-1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK
  • Посветен на користење на технологијата за добри дела, Samsung ја проширува својата пилот програма Wildlife Watch во партнерство со Africam и Единицата за спречување ловокрадство Црна мамба
  • Со помош на технологијата што се наоѓа во Galaxy S21 Ultra и новиот S23 Ultra, Samsung во живо и постојано емитува диви животни во природниот резерват Балуле, дел од националниот парк Кругер.

Денес, на Светскиот ден на животните, Samsung го објави проширувањето на својата пилот програма Wildlife Watch, во партнерство со Africam и Единицата за спречување ловокрадство Црна мамба, чија цел е заштита на животните од ловокрадство во јужноафриканската савана.

Лансирана во 2021 година, програмата го користи „системот за следење“ во живо на Samsung, за да секој може да го гледа дивиот свет во природниот резерват Балуле, дел од Националниот парк Кругер. Пилот-програмата доживеа неверојатен успех во зачувувањето на едно од најзагрозените животни во природата, носорогот, благодарение на виртуелните ренџери кои следеа заедно со Samsung.


„Ниту еден обид за ловокрадство на носорози во резерват не е забележан откако е започната програмата. Меѓутоа, ловокрадството на другите диви животни во резерватот не исчезна. Туризмот сè уште е под ниво за разлика од пред ковид-пандемијата, што значи дека помалку очи го следат паркот, а кризата што ја предизвикаа високите трошоци за живот доведе до зголемување на сиромаштијата и го отежна вработувањето на нови ренџери поради малите плати и предизвикувачките работни услови, изјави Лита Мкбела, ренџерка во Црна мамба.

 Во рамки на најновото унапредување на оваа програма, Samsung ќе користи технологија со

новите уреди Galaxy S21 Ultra и S23 Ultra за константно следење на дивите животни во живо.

Со најнапреден систем на камери и унапредени  Nightography функции, како и адаптивен сензор со 200 МР и телефото камерс со 10Х оптички зум, уредите на Samsung Galaxy S23 Ultra, во текот на денот и на ноќта ќе снимаат во живо. Исто така со подобрувањето на квалитетот на доказите кои ги испраќаат во Центарот за истраги за ловокрадство ќе им дадат поддршка на ренџерите, додека издржливиот материјал од кој се направени овие уреди ќе ја зајакне отпорноста во саваните кадешто ги користат ренџерите додека спроведуваат обиколки. S23 Ultra има IP68 рејтинг за отпорност на вода и прашина.

Исто така ќе биде тестирано и влијанието на Galaxy SmartTag уредот за зголемување на безбедноста на ренџерките и за помош за координација при напорите за безбедност во саваните. Централата на Црна мамба ќе го користи SmartThings Find за следење на движењето на поединците во резерватот.

Со цел да се помогне на локалното население колку што е можно подобро да го разбере значењето на зачувувањето на дивите животни уште од мали нозе, Samsung со Црна мамба започна едукативна програма насловена „Samsung преглед на младенчињата во савана“ наменета за младите во локалната заедница, со која се истакнува важноста на диверзитетот и зачувувањето на дивите животни и заштитата на резерватите во иднина. Проекторот Freestyle на компактен, преносен уред ќе им овозможи на Црните мамби да ја спроведат оваа иницијатива на кое било место.

„Пилот-програмата на компанијата  Samsung, Wildlife Watch покрена илијадници луѓе ширум свтот да се приклучат на спречувањето на ловокрадство во афричката савана. Тоа докажува дека технологијата може да има и позитивна улога во надминување на предизвиците во реалниот живот. На Светскиот ден на животните и понатаму, Samsung сака да продолжи да ја шири свеста за значењето на зачувувањето на дивите животни и да ги поттикнува луѓето ширум светот да ја следат и да ја поддржуваат Црна мамба во оваа борба за заштита на природата, изјави Марк Халовеј, директор во категоријата на мобилни телфони во компанијата Samsung за Европа.

 Сите се повикани да „стражарат“ оваа година и да станат виртуелни ренџери кои помагаат во заштитата на загрозените животни од ловокрадство така што ќе ги следат во реално време во нивниот простор и ќе уживаат во следењето на овие неверојатни животни од сопствениот дом.

Ако станете виртуелен ренџер и ги следите животните на сајтот wildlife-watch.com, можете да ги информирате ренџерките ако забележите дека животните се во опасност или ако забележите знаци на ловокрадство така што ќе кликнете најдолу на страницата со пренос во живо, ќе го споделите она што сте го виделе преку фотографии на социјалните мрежи со цел да ги поттикнете другите да се приклучат и да донираат средства за Единицата за спречување на ловокрадство. Со различните положби на камерата секогаш се пренесува нешто различно, така што ќе можете да ги видите слоновите, лавовите или жирафите во дивина без оглед на тоа каде се наоѓате.

Виртуелните ренџери, кои сакаат подобро да ги разберат знаците на ловокрадските активности можат да научат повеќе со гледање на серијата Камп за обука на Црна мамба која е составена од шест делови. Таму ќе најдат совети од ренџерките за тоа на што треба да обрнат внимание додека гледаат и слушаат, како и објаснение за важната работа што ја вршат при обиколките.

 За да го гледате преносот во живо, да помогнете во заштита на загрозените животни и да донирате средства за Црните мамби посетете ја страницата wildlife-watch.com.

За повеќе информации за програмата Wildlife Watch погледнете на: https://www.samsung.com/uk/explore/photography/anti-poaching-wildlife-watch/

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK