Samsung Galaxy Tab S9 FE, слушалките Galaxy Buds FE и Galaxy S23 FE  со исклучителни функции за уште повеќе корисници

samsung_Galaxy FE_Eco KV_thumbnail
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Целосно новите уреди од серијата FE комбинираат нови карактеристики на познатиот дизајн, најсовремена камера и квалитет на звукот, моќни перформанси и многу повеќе

Samsung Electronics ги воведува најновите додатоци од серијата FE во екосистемот Samsung Galaxy – новите Galaxy S23 FE уреди, Galaxy Tab S9 FE и S9 FE+ и слушалките Galaxy Buds FE. Познати по својот иконски и издржлив дизајн, напредните перформанси, најсовремениот капацитет на камерата и звукот и многу повеќе – ова се најдобрите FE уреди досега. За оние кои сакаат да ги искусат водечките Galaxy уреди за прв пат, новите FE уреди се совршена почетна точка.


„Ние во Samsung, сме посветени на иновации од светска класа за секого, преку совршеното мобилно искуство кое одговара на сечиј начин на живот“, рече ТМ Рот, претседател и директор за мобилни уреди во Samsung Electronics. „Нашите нови FE уреди имаат голем број врвни функции во кои ќе уживаат сите корисници и кои, поединечно или како дел од поврзан екосистем, овозможуваат максимална креативност и продуктивност за корисниците на Galaxy уредите“.

 

Galaxy Tab S9 FE и Tab S9 FE+: Гледањето на голем екран, IP68 издржливоста и пенкалото S Pen ги прошируваат можностите за креативност и продуктивност

Кога ќе се појави инспирација, Galaxy Tab S9 FE и S9 FE+ нудат суштинска забава, изразена креативност и непрекината продуктивност. Со избор помеѓу два преносни и моќни уреди, уште поголем број на корисници можат да ја искусат разновидноста на серијата Galaxy Tab S. Дигиталните креатори, претприемачите, вредните студенти, уметниците, гејмерите ​​и други ќе ги следат своите страсти и ќе работат со подобрена брзина на уредот и со уште подобри перформанси[i] во споредба со претходните серии FE.

Респонзивното и имерсивно гледање и креирање е можно дома, на работа или дури и во парк на 10,9-инчниот екран на Galaxy Tab S9 FE и 12,4-инчниот екран на Tab S9 FE+[ii] – со автоматска стапка на освежување до дури 90 Hz. За заштита од силна сончева светлина, постои Vision Booster, кој ја подобрува видливоста на отворен простор со прилагодување на бојата и контрастот, особено во темните области на екранот. Како и најновата серија на Galaxy Tab S9, и Tab S9 FE и Tab S9 FE+ имаат IP68 сертификат[iii] и нудат поголема издржливост за да бидете мирни во движење. Покрај тоа, долготрајната батерија на Tab S9 FE+ за дури 20 часа[iv] гледање видео содржина со едно полнење значи дека не ви треба кабел за работа и забава.

Лесно е да се запишуваат идеи и белешки со оригиналното пенкало Galaxy S Pen со IP68 рејтинг. Како и серијата на Galaxy Tab S9, Tab S9 FE и S9 FE+ нудат широк спектар на креативни алатки и апликации, вклучувајќи ги омилените како: Goodnotes [v], LumaFusion[vi], Clip Studio Paint[vii] и други. Лесно правете забелешки на часот, скици, видео материјал и друго со двојно поголем простор за складирање[viii], како и можност за проширување до 1TB со microSD картичка.

Серијата Galaxy Tab S9 FE е достапна по препорачана малопродажна цена од 31.799 денари во четири модерни бои[ix]: ментол зелена, сребрена, сива и лаванда.

Слушалки Galaxy Buds FE: Супериорен звук, моќна ANC функција и ергономски дизајн за исклучителното аудио искуство за уште повеќе корисници

Galaxy Buds FE на Samsung носат неспоредливо звучно искуство за уште повеќе корисници. Нивниот моќен бас нуди длабок и богат звук што ви овозможува да уживате во музиката онака како што замислил изведувачот, додека функцијата за моќно поништување на активна бучава (ANC) и амбиенталниот звук ви овозможуваат подобро да го слушнете она што го сакате, а помалку она што не го сакате. А за почисти повици, автоматското персонализирано формирање на сноп на напредниот систем со три микрофони, со AI (вештачка интеллигенција) длабока неутрална мрежа (DNN) го одвојува вашиот глас од несаканата бучава во позадина.

Со најдолго траење на батеријата во серијата Buds, слушалките Galaxy Buds FE обезбедуваат до 8,5 часа емитување со слушалки и вкупно до 30 часа, вклучувајќи ја и футролата за полнење[x]. Дури и кога користат ANC, корисниците можат да добијат до 6 часа емитување со слушалките, и вкупно до 21 час, вклучувајќи ја футролата. Инспирирани од познатиот ергономски дизајн на оваа серија, слушалките Galaxy Buds FE се дизајнирани да бидат доволно удобни за да се носат долго време и да обезбедат подобро носење со три различни големини на бубачки и две различни големини на врвови.

Слушалките Galaxy Buds FE се достапни по препорачана малопродажна цена од 6.499 денари во две експресивни, модерни бои: графитна и бела[xi].

Galaxy S23 FE: Познатиот дизајн на серијата Galaxy S, професионалната камера и одличните гејминг перформанси се дизајнирани да ви го разубават секој ден

Galaxy S23 FE останува верен на познатиот дизајн на серијата S со нова, лебдечка камера и врвен надворешен изглед, која е во согласност со IP68[xii] за отпорност на вода и прашина, за уште поелегантен изглед на екранот. Покрај тоа, содржи рециклирани материјали и амбалажа и се карактеризира со исклучителна издржливост, функционалност и одржливост. Со новите, живописни бои, Galaxy S23 FE им овозможува на корисниците да ја изберат бојата на уредот што најдобро одговара на нивниот животен стил.

Моментите од секојдневниот живот се снимаат со телефонот S23 FE, кој има камера со професионални карактеристики што ви помагаат да правите неверојатни фотографии и видеа. За остри детали во секој кадар, тука е објективот со 50MP, со висока резолуција и 3X оптички зум. Навечер, Nightography на Galaxy S23 FE ви овозможува да правите јасни селфи и фотографии во реални бои. Правете прецизни фотографии додека сте во движење со задната камера со напредна дигитална стабилизација на слика (VDIS) под агол на оптичкиот стабилизатор на слика (OIS).

Кога станува збор за создавање совршена содржина за споделување, Galaxy S23 FE е студио за уредување во движење. Контролата на брзината на блендата, отворот на блендата, ISO и сето останато во професионален режим на работа, може рачно да се прилагоди на вашите преференции. Со апликацијата Camera Assistant[xiii], можете да правите приспособени снимки и да изберете кои автоматски функции да ги користите за целосно приспособено фотографско искуство. Покрај слободата за креирање и прилагодување, камерата на Galaxy S23 FE има AI (вештачка интелигенција) алатки за уредување за да добиете уште посовршени резултати.

За гејминг и стриминг, моќниот процесор на телефонот Galaxy S23 FE е тука за да го направи секое дејство брзо и течно со комората за пареа, која помага да се контролира температурата и да се одржуваат перформансите. Долготрајната батерија од 4500 mAh е интуитивно прилагодена за да заштеди енергија и се полни до 50 проценти за само 30 минути со адаптер[xiv] од 25 W. Целата оваа моќ доаѓа до израз на јасен, супер-мазен 6,4-инчен [xv] Dynamic AMOLED 2X екран. Во зависност од околината во која се наоѓате, технологијата Vision Booster на Galaxy S23 FE автоматски детектира силно осветлување за непречено гледање на екранот како кај водечките модели.

Серијата Galaxy S23 ќе биде наскоро достапна во Македонија.За повеќе информации, следетe ги каналите на Samsung.

Еден совршено поврзан Galaxy екосистем

Со новите FE уреди, полесно е од кога било да се доживее целосната моќ на поврзаниот Galaxy екосистем. Продуктивноста е интуитивна со мултиконтрола[xvi], која им овозможува на корисниците лесно да влечат и пуштаат содржина помеѓу повеќе Galaxy уреди. Можете да копирате и лепите или да влечете и пуштате содржина помеѓу паметен телефон и таблет. Во излив на креативност, лесно префрлувајте видеа или фотографии од вашиот паметен телефон на таблетот со брзо споделување за полесно уредување.

Кога е време за имерсивна забава, слушалките Galaxy Buds FE се совршен придружник. Со опцијата за автоматско префрлување, интелигентно се менува звукот помеѓу вашиот паметен телефон, таблет, па дури и вашиот часовник и ТВ – врз основа на вашата употреба, без потреба од рачно прилагодување[xvii]. Дополнително, функцијата за пронаоѓање SmartThings ви помага да пронајдете изгубени слушалки и доколку ги оставите некаде, се огласува аларм[xviii].

Сите овие уреди и способности за поврзување ја потврдуваат посветеноста на компанијата Samsung за обезбедување безбедно и приватно искуство. Сериите Galaxy S23 FE и Galaxy Tab S9 FE се поддржани со Samsung Knox заштита, што значи дека личните информации автоматски се заштитени.

Внимателно осмислени за зачувување на планетата

Со најновите FE уреди, Samsung ја проширува својата посветеност на животната средина нудејќи ги своите најнови наменски иновации низ целиот екосистем.

Galaxy S23 FE се карактеризира со различни видови рециклирани материјали[xix] на внатрешните и надворешните компонени[xx], вклучувајќи неискористен рециклиран алуминиум и стакло и искористена рециклирана пластика од искористени рибарски мрежи, буриња за вода и PET шишиња.

Серијата Galaxy Tab S9 FE, исто така, се состои од рециклирани материјали. Избраните внатрешни и надворешни компоненти[xxi] се состојат од неискористен рециклиран алуминиум и искористена рециклирана пластика.

Поддршката за позитивно влијание на планетата не запира со паметните телефони и таблетите. Слушалките Galaxy Buds FE, во својот дизајн содржат рециклирана пластика од искористени рибарски мрежи и балони за вода[xxii].

Достапност

Таблетот Galaxy Tab S9 FE и слушалките Buds FE ќе бидат достапни од 16-ти октомври. Наскоро ќе имаме повеќе информации за достапноста на Galaxy S23 FE.

За повеќе информации за производите, посетете ја интернет страницата на Samsung: https://www.samsung.com/mk/

[i] Во споредба со Galaxy Tab S7 FE

[ii] Мерено дијагонално, големината на екранот на уредот Galaxy Tab S9 FE е 10,9 инчи во полн правоаголник и 10,8 инчи вклучувајќи ги заоблените агли. Големината на екранот на Galaxy Tab S9 FE+ е 12,4 инчи во полн правоаголник и 12,4 инчи вклучувајќи ги заоблените агли. Вистинската површина за гледање е помала поради заоблените агли и отворот на камерата.

[iii] Galaxy Tab S9 FE, Tab S9 FE+ и inbox S Pen имаат IP68 сертификат. Врз основа на лабораториски услови на тестирање за потопување до 1,5 метри во слатка вода до 30 минути. Не се препорачува за употреба на плажа или базен. Отпорноста на уредот на вода и прашина не е константна и може да се намали со текот на времето поради нормално абење и трошење.

Отпорноста на прашина беше тестирана во лабораториски услови од трети лица: 2 кг пудра во прав (макс. дијаметар од 0,05 мм) на кубен метар беа издувани во комората за тестирање со уредот (притисокот на воздухот во уредот се одржуваше под притисокот на амбиенталниот воздух) за времетраење од 2 часа. Отпорноста на прашина на ниво IP6X може да зависи од реалните услови на употреба.

[iv] Врз основа на внатрешни лабораториски услови за тестирање во Samsung на претпродажната верзија на дадениот модел поврзан со слушалка преку Bluetooth според фабрички поставки. Проценето во однос на капацитетот на батеријата и измерениот напон за време на празнење на батеријата при емитување видео содржина (резолуција на видео датотека 720p, зачувана на уредот). Вистинското време на емитување на видео содржина зависи од мрежното поврзување, поставките, форматот на видео датотеката, осветленоста на екранот, состојбата на батеријата и многу други фактори.

[v] Апликацијата Goodnotes бара посебно преземање и доаѓа со бесплатна целосна едногодишна верзија. По тој период, потребно е дополнително купување за да продолжите со употреба. Условите за користење може да се разликуваат во зависност од земја и регион.

[vi] Апликацијата LumaFusion посебно се купува и презема. Условите за користење може да се разликуваат во зависност од земјата и регионот.

[vii] Апликацијата Clip Studio Paint е веќе инсталирана на одредени пазари. Апликацијата Clip Studio Paint може да се преземе од Galaxy Store и доаѓа со бесплатен пробен период од шест месеци за новите корисници. По тој период, потребна е платена претплата за месечен план за користење со цел да се продолжи користењето. Условите за користење може да се разликуваат во зависност од земјата и регионот.

[viii] Достапноста на опцијата за складирање од 256 GB варира во зависност од земјата, регионот или операторот и вистинската достапност може да зависи од инсталираниот софтвер. МicroSD картичката се продава одделно.

[ix] Достапноста на бои и модели може да се разликува во зависност од земјата или операторот.

[x] Слушалките обезбедуваат до 6 часа слушање со вклучена ANC функција (до 8,5 часа со исклучена ANC функција), додека футролата   обезбедува до 21 часа времетраење на батеријата со вклучена ANC функција (до 30 часа со исклучена ANC функција) кога футролата и   слушалките се полни 100%. Врз основа на внатрешно тестирање, времето на слушање е тестирано со спарување на слушалките Galaxy  Buds FE (пред производство) со неодамна лансираниот паметен телефон Galaxy со фабрички поставки и вклучена ANC функција.             Вистинскиот рок на траење на батеријата може да варира во зависност од мрежното опкружување, шемите на користење и други          фактори.

[xi] Достапноста може да варира во зависност од пазарот, операторот или поврзаните уреди.

[xii] IP68 рејтинг: Водоотпорност до длабочина од 1,5 метри во слатка вода, до 30 минути и заштитен од прашина, нечистотија и песок. Исплакнете ги остатоците/исушете ги по мокрењето.

[xiii] Достапно за преземање во Galaxy Store. Времето на достапност може да варира во зависност од пазарот, моделот и мрежниот добавувач.

[xiv] Адаптер за напојување од 25 W се продава посебно. Брзината на супер-брзото полнење зависи од нивото на батеријата и други фактори; користете само полначи и кабли одобрени од Samsung; не користете истрошени или оштетени полначи или кабли; некомпатибилен полнач или кабел може да предизвика сериозни повреди или оштетување на вашиот уред.

[xv] Димензиите на екранот се дијагонални. Вистинската површина за гледање е помала поради заоблените агли и отворот на камерата.

[xvi] Samsung Multi Control работи на Galaxy таблети со One UI 4.1 или понова верзија, Galaxy телефони со One UI 5.1 или понова верзија и со уреди од серијата Galaxy Book лансирани во 2021 година или подоцна, со Samsung Settings v1.5 (Intel) или Samsung Settings v3.3 (ARM). Некои модели може да имаат ограничена поддршка за функции и телефонот и компјутерот мора да се најавени на истата сметка на Samsung.

[xvii] Функцијата за автоматско префрлување е достапна само на паметните телефони Samsung Galaxy и таблети со One UI 3.1 или понова верзија и серијата часовници Galaxy Watch4 или понова верзија. Уредите Samsung Galaxy мора да бидат најавени на сметка на Samsung. Функцијата автоматско префрлување е достапна само на телевизориte Samsung лансирани во февруари 2022 година или подоцна по ажурирањето на фирмверот од јули 2022 година. Автоматското префрлување кај телевизорите е достапно само за испраќање и примање телефонски повици.

[xviii] Се испраќа известување кога слушалките Galaxy Buds FE ќе се исклучат од спарениот телефон.

[xix]  Видови рециклирани материјали вклучуваат искористена рециклирана пластика од искористени рибарски мрежи, искористен рециклиран PBT од искористен PBT, искористенa рециклирана PC од буриња за вода и неискористен рециклиран алуминиум од метален отпад создаден како нуспроизвод за време на производството. Металниот отпад повторно се топи, се филтрира за да се отстранат нечистотиите, а потоа се рециклира за да се направат делови во рамките на процесот на производство на Samsung. Има и неискористена рециклирана содржина од стаклениот отпад создаден како нуспроизвод од производство на стакло. Овој стаклен отпад се дроби во скршено стакло и потоа се користи како компонента во процесот на производство на Corning® Gorilla® Glass GG5.

[xx] Galaxy S23 FE има компоненти со најмалку 10% искористена рециклирана пластика или најмалку 30% неискористен рециклиран алуминиум или Corning® Gorilla® Glass GG5 со најмалку 10% неискористено рециклирано стакло. Меѓу овие компоненти се држачот за копчето, модулот на долниот десен звучник (горен и долен), задниот горен дел, страничното копче, отворот за SIM картичка, горната единица на звучникот (горното куќиште), предното куќиште, куќиштето на камерата, главниот прозорец, задното стакло (глас и филм). Наведените мерки се дадени врз основа на тежината.

[xxi] Galaxy Tab S9 FE+ и Tab S9 FE имаат компоненти со најмалку 10% искористена рециклирана пластика или најмалку 30% неискористен рециклиран алуминиум. Меѓу овие компоненти се:

  • Galaxy Tab S9 FE+: PCB држач за кабли, модул за горниот звучник (горе и долен), модул за долниот звучник (горен и долен), горен држач за кабли, долен држач за кабли, држач за T-приклучок, држач за копче, задно куќиште, копче за звук, отвор за SIM картичка, куќиште за камера
  • Galaxy Tab S9 FE: горен дел на PCB држачот за кабли, среден дел на PCB држачот за кабли, модул за горниот звучник (гореn и долен), модул за долниот звучник (горен и долен), LCD држач, внатрешен LB држач, држач за копче, задно куќиште, копче за звук, отвор за SIM картичка

Наведените мерки се дадени врз основа на тежината.

[xxii] Слушалките Galaxy Buds FE имаат компоненти со најмалку 20% употребена рециклирана пластика. Рециклираната PA од искористени рибарски мрежи се користи во внатрешните компоненти на подлогата на куќиштето во држачот на батеријата, подлогата на PCB држачот и предниот држач на куќиштето. Рециклираниот PC искористени буриња за вода се користи во надворешните компоненти на подлогата на куќиштето вклучувајќи го горниот дел на куќиштето, долниот дел на куќиштето, горниот внатрешен дел, куќиштето на предниот дел и надворешните и внатрешните компоненти на двете слушалки вклучувајќи го предниот лев дел, предниот десен дел, задниот лев дел, задниот десен дел, држачот на долниот лев дел, држачот на долниот десен дел, држачот на задниот десен дел, држачот на горниот лев дел, држачот на горниот десен дел, капакot на допир лево и капакот на допир десно. Наведените мерки се дадени врз основа на тежината.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK