
Го добивме на тестирање новиот Samsung Galaxy Note10 Lite. Без разлика што е најлесна и најлајт верзија од трите Note10 модели, првичниот излед на Lite верзија е одличен и ветува навистина многу. Телефонот има одличен ергономски облик и одлично се прилагодува на дланката и покрај големината. Има елегантно заоблени агли и метална рамка која ги разделува дисплејот од задниот поклопец.
Копчињата за регулација на звукот и копчето за пристап до менито се добро позиционирани што дава можност успешно да извршувате основни функции како бирање повик или регулација со една рака и покрај големината.
При анализа на надворешноста мораме да напоменеме дека телефонот ги содржи стандардните слотови за картичка и има можост да се интегрираат две сим картички и SD Card. Одличен впечаток оставаат предната интегрирана камера, сензорот за отпечаток како и воодушевувачките задни три камери.
Минималистичкиот дизајн остaва впечаток на добар бизнис телефон, но во комбинација со интегрираните камери имавме чувство дека истиот ќе покаже добри резултати кога се во прашање и фотографиите.
Како првичен заклучок од надворешноста на телефонот ова е дефинитивно добар избор за совршен “лајт” телефон за бизнис и забава, а сепак со премиум квалитет и можности.
По вклучувањето на уредот ова уникатно Note искуство нè убеди дека иако е презентиран како Lite варијанта, сепак не е воопшто помалку вреден од стандардните Note модели.
Овој смартфон работи на оперативен систем Android 10 и располага со 6.7 инчен Full HD+ Super AMOLED Infinity-O екран со edge-to-edge “feeling”, а самиот екран со тенкиот дисплеј-панел може да се пофали со флексибилната OLED технологија. Има 2400х1080px резолуција со HDR сертификат, а овој модел може да се најде во две верзии со 6GB и 8GB RAM меморија.
Просторот од 128GB внатрешна меморија и можноста на надградување со надворешна меморија преку Micro SD слотот до дури 1TB, како и брзиот OCTACORE процесор (Quad 2.7GHz + Quad 1.7 Ghz) ќе ви овозможат беспрекорна работа во текот на работниот ден.