Samsung Electronics доби Сертификат за намален јаглероден отпечаток на производот за телевизорите 2024 Neo QLED, OLED и Lifestyle од TÜV Rheinland

spasovski_456465
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кај осум серии производи од линијата за 2024 година е намален јаглеродниот отпечаток во споредба со моделите од претходната година, со што се проширува портфолио на сертификати на компанијата







Samsung има за цел да добие сертификати за јаглероден отпечаток на производот и за намален јаглероден отпечаток на производот за над 60 модели во 2024 година

 Samsung Electronics денес објави дека осум производи од својата серија[1] телевизори за 2024 година – Neo QLED 4K и 8K, OLED и The Frame – добија Сертификат за намален јаглероден отпечаток на производот од TÜV Rheinland, меѓународна независна компанија за тестирање, инспекција и сертификација. Сертификатот го означува размерот на намалување на јаглеродниот отпечаток на овие производи во споредба со моделите од претходната година, што служи како доказ за напорите на компанијата да ги намалува емисиите на јаглерод од година во година.

„Како водечки светски производител на телевизори, наша одговорност е да создаваме производи кои истовремено ќе ги редефинираат способностите на телевизорот со истовремено зголемување на напорите за одржливост“, рече Јонгјае Ким (Yongjae Kim), извршен потпретседател на одделот за екрани во Samsung Electronics.

„Честитки до Samsung Electronics. Добивањето на Сертификатот за намален јаглероден отпечаток на производот ја покажува посветеноста на компанијата Samsung за одржување на животната средина и нејзините вистински напори за намалување на емисиите на јаглерод и борба против климатските промени“, рече Френк Холцман (Frank Holzmann), глобален потпретседател на TÜV Rheinland Business Field Electrical. „Ова признание несомнено ќе ја зголеми репутацијата на брендот и довербата на клиентите, дополнително зацврстувајќи ја својата позиција како водечки играч на глобалниот пазар на електроника“.

TÜV Rheinland ги оценуваше емисиите на стакленички гасови за телевизорите на Samsung во текот на нивниот животен циклус, почнувајќи од процесот на производство, транспорт, употреба до отстранување, во согласност со меѓународно признатите стандарди, како што се ISO 14067 и ISO 14064-4, но и во согласност со стандардот на TÜV Rheinland, 2 PfG Q2880/09.23. Овој стандард утврдува и потврдува дека сите осум серии на телевизори го исполнуваат стандардот за намалување на јаглеродниот отпечаток поставен од TÜV Rheinland. Новите сертифицирани производи вклучуваат две Neo QLED 8K серии, три Neo QLED 4K серии, две OLED серии и една серија The Frame.

Покрај сертификатот за производите, одделот за екрани на Samsung го доби првиот сертификат од индустријата за екрани и потрошувачка електроника „Метод за пресметување на јаглерод отпечаток на производи“ од TÜV Rheinland. Овој сертификат го означува мерењето и управувањето со емисиите на стакленички гасови во текот на целиот животен циклус на производот, преку собирање и анализа на податоци во согласност со прописите за управување и пропишаните прирачници за пресметка на емисиите на стакленички гасови и обезбедување на транспарентни и повторливи резултати.

Додека компанијата Samsung и понатаму посветено работи на намалување на влијанието на своите производи врз животната средина, таа има за цел да ги добие сертификатите за јаглероден отпечаток на производот и за намален јаглероден отпечаток на производот од TÜV Rheinland за над 60 модели во 2024 година, вклучувајќи ги и новите Soundbar звучници. Со извештајот од анализата за намалување на јаглеродниот отпечаток на овие осум серии на производи и добиените резултати, Samsung има поголема доверба и јасна насока во развојот и дизајнот на следната генерација декарбонизирани ТВ производи.

Ова признание се надоврзува на претходните признанија за напорите за одржливост на Samsung. Компанијата го доби својот прв Сертификат за намален јаглероден отпечаток од Carbon Trust во 2021 година за Neo QLED 4K и телевизорите со повисока резолуција. Во 2022 година, 11 модели на телевизори и пет монитори и уреди за сигнализација го добија Сертификатот за намален јаглероден отпечаток, а неодамна 24 модели од серијата на Samsung за 2023 година добија сертификати од Carbon Trust и TÜV Rheinland.

За повеќе информации за линијата на телевизори Samsung за 2024 година, посетете: www.samsung.com.

[1] Neo QLED 8K (QN900D, QN800D), Neo QLED 4K (QN95D, QN90D, QN85DA), OLED (S95D, S90D), и The Frame (LS03D)

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK