Roborock S5 Max – Правосмукалка за модерни семејства

Roborock-S5-Max-2-678x381
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Динамични времиња… динамичен живот… многу обврски и малку време. Потреба од исклучување на некои обврски. Една таква обврска е чистењето на домовите и канцелариите.

Благодарение на Smartus.mk добивме интересна можност да го тестираме црниот Roborock S5 Max, целосно автоматизирана правосмукалка.


Убаво пакување, голема правосмукалка, но најинтересно беше што истата има и опција за пребришување на подови со вода. За разлика од постарата верзија, оваа верзија на правосмукалката поседува сад за вода со многу поголем капацитет од 290ml. Тоа е доволно количина на вода да стан од 65 m2 го пребрише 3 пати!

Правосмукалката работи по команда или со предефиниран распоред. Сама ја скенира секоја просторија во која може да пристапи, си прави план за чистење и детално чисти. Бришењето со крпа го изведува исклучително прецизно, што навистина не изненади.

Иако со празнење на резервоарот со вода природно е да се намали притисокот со кој крпата притиска на подот, кај оваа правосмукалка тоа не е случај и притисокот е константен. А и има три степени на влажност кои можете да ги подесите.

Дури и да имате теписони на дел од подот, благодарение на можноста за дефинирање за зони забранети за чистење, нема да помине преку нив и нема да ги намокри.

Апликацијата за телефон која служи за контрола на Roborock S5 Max има многу можности. Практично со неа имате целосна контрола на правосмукалката. Со неа ја вклучувате и исклучувате правосмукалката, дефинирате периоди кога да чисти, но најинтересна е можноста за мапирање. Користејќи најсовремена ласерска технологија за скенирање на просторот скенирајќи 360 степени со брзина од 300 врт/мин прави детални мапи на просторот околу себе, а благодарение на Quad Core процесорот во реално време планира рута и исцртува мапа. Дополнително, успешното избегнување на препреки го прави благодарение на повеќе сетови на сензори кои ги поседува.

Мапирање може да врши не само на една просторија, туку на повеќе спратови со повеќе соби посебно. Тоа, заедно со можноста да корисникот дефинира зони за чистење и зони забранети за чистење, ја прави оваа правосмукалка исклучителна.

Кога станува збор за класично чистење, благодарение на моторот кој има 15.000 вртежи во минута има голема моќ на вшмукување, успева да ја собере секоја трошка, секоја прашина од подот или теписите. Освен четката која исто ротира, има и специјални перки кои ротираат хоризонтално и ги собираат нечистотиите од ќошeвите. Секако, по завршување на чистењето, сама се враќа и се приклучува на полначот.

 

Roborock S5 Max поседува литиум – јонска батерија која има капацитет доволен за 3 часовна работа на правосмукалката.

Дополнително, има софтвер кој успешно ја прилагодува работата на правосмукалката кога батеријата е при крај, за да може да дочисти!

За да биде користењето уште поинтересно, посебно за мажите, Roborock S5 Max може да се контролира рачно преку џојстик во софтверот на телефонот! А, ако и тоа не ви е доволно, може да ја вклучите со гласовна команда преку сервисот (Amazon Alexa)!

Освен црната верзија, постои и бел Roborock S5 Max.

Од искуството кое го имавме со Roborock S5 Max можеме да заклучиме дека ова е уред кој користи најсовремени технологии, одлично функционира, лесен е за користење и одржување и ќе ви зaштеди. Автоматската правосмукалка Roborock S5 Max е уред кој препорачуваме на секое модерно семејство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK