(ВИДЕО) JIMMY JV65 Mop – Моќна правосмукалка на батерии во мало пакување

Jimmy-JV65-26-678x381
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Опсервер го имаше задоволството да соработува со македонската online продавница за паметни уреди, мобилни телефони, паметни часовници и многу други технолошки уреди,  Smartus.mk и да ја испроба моќната правосмукалка на батерии JIMMY JV65 Mop. Smartus се официјални дистрибутери за Македонија за брендот Jimmy, кој е подбренд на Xiaomi. Компактната правосмукалка на батерии можете да ја најдете во нивниот асортиман на производи на нивната web страница, со тоа што доколку се одлучите да ја порачате, при купувањето со внесување на кодот OPSERVER500 добивате попуст од 500 денари. Кодот е активен од денеска, петок, до 19 март 2021 година.







Во продолжение, ние од Опсервер ќе ви претставиме што значи да се има истата дома, а секогаш кога имаме можност да направиме review на производ кој што предизвикува олеснување во домот, тоа го правиме со големо задоволство

При самото отпакување на малата, но моќна правосмукалка, увидовме дека ќе имаме работа со екстремно квалитетна машина. Пакувањето содржи метален продолжеток, специјална четка за теписони, додаток за тапацири, додаток за дупки, мека четка, флексибилен продолжеток, додаток за чистење душеци, држач за правосмукалка, полнач, резервоар за вода, додаток за чистење подови и  телото на правосмукалката со вградени батерии.


Откако ја склопивме правосмукалката, бевме изненадени од нејзината вшмукувачка моќ од 145AW и мотор со 10,000 врт/мин. Во оваа правосмукалка се интегрирани процесите на вшмукување и бришење на подови, а нејзиниот дизајн е прилагоден за лесно ракување и со лесна тежина за да не го попречува чистењето. Дуплото чистење ќе ви заштеди време, но и ќе направи подот во вашиот дом да е истовремено и дезинфициран, затоа што во резервоарот за вода може да се додаде и средство за чистење.

Со JIMMY JV65 Mop одлична е и можноста за разделување на различните видови на влакна од подот, затоа што не се заплеткуваат околу ролерот додека чистите.

JIMMY JV65 Mop има 8 литиумски батерии од 2500mAh кои што овозможуваат правосмукалката непречено да работи цели 70 минути (зависно од тоа на која брзина е вклучено и што чистите) во 3 различни брзини со различна моќ на вшмукување во различни прилики .

Со додатокот за чистење душеци, вашиот душек ќе биде чист од бактерии, ситни животински влакна и алергени. Вашето семејство ќе биде безбедно спиејќи на чисти душеци секоја вечер.

Оваа правосмукалка се закачува на ѕид, со што се заштедува простор при нејзино полнење и складирање. Лесна за користење, со тежина од само 1,46 кг, со рачки кои што ќе ви овозможат пристап до сите ќошиња во вашиот дом, оваа правосмукалка на батерии е совршена за модерен и чист дом. Затоа што ништо не е поважно од здравјето на нашите домашни!

За повеќе информации за правосмукалката на батерии JIMMY JV65 Mop, проверете и прочитајте овде.
За тоа како се одвиваше процесот на отпакување и чистење, погледнете го видеото и фотографиите што со големо задоволство ги направи Опсервер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK