Nova 9 – новиот бисер од Huawei

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Деновиве, на наше големо задоволство, го добивме најновиот телефон произведен од компанијата HuaweiHuawei nova 9. Убавото пакување, елегантниот дизајн и впечатливата задна камера оставија одличен прв впечаток.


Телефонот е со ултра тенок дизајн од само  7,77 мм, должина од 160 мм  и 73,7 мм ширина. Nova 9 со својот дизајн потстетува многу на својот претходник Nova 8, но во многу порафинирана и многу покомпактна варијанта. Одлично се прилагодува на вашата дланка при што користењето со една рака воопшто не е предизвик. Соборените рабови на екранот го доведуваат до перфекција користењето на овој уред. Тежината му е приближно 176 грама.

 

Како што претходно напоменавме, инженерите од Huawei, покрај заоблениот екран на кој совршено му се совпаѓа целосниот концепт, тие имплементирале и најнова OLED технологија со FHD + екран  кој има импозантна резолуција 2340 x 1080 пиксели.

Она што го издвојува од другите телефони е стапката на освежување на екранот од 120 Hz што е значајно кога телефонот се користи за играње игри кои се со брза динамика. Екранот е со големина од 6.57 инчи  и кој работи на 300Hz ултра висока респонзивност кога се контролира со повеќе прсти.

Срцето на Huawei nova 9 e одличниот осумјадрен процесор Qualcomm Snapdragon ™ 778G 4G 4 x [email protected] GHz + 4 x [email protected] GHz. Додека за графиката користен е графички процесор Adreno ™ 642LHuawei nova 9 доаѓа со 8 GB RAM меморија + 128 GB ROM

Камерите со одличен квалитет кои ги вградува компанијата Huawei, како и до сега, треба да им се обрати посебен фокус . Па така и тука, посветено е многу внимание на нивните перформанси. Huawei nova 9 има четири задни камери и една предна.

Големата задна камера ни остави најсилен впечаток со својот Ultra Vision 50 MP и бленда f/1.9.

Зошто е ова важно?

За да се направи одлична фотографија не е потребен само сензорот со повеќе мега пиксели . Всушност, поголемиот број пиксели овозможува печатење фотографии на хартија со поголем размер. Додека пак степенот на отварање на блендата ги контролира острината на фотографијата, осветленоста и фокусот. Колку помал број толку пошироко отворена бленда.

За да објасниме поедноставо, доколку сакате да фотографирате слабо осветлени предмети, за да направите високо квалитетна фотографија, потребно ви е пошироко отворена бленда.

Втората камера е со ултра широк агол од 8 MP (отворeна бленда од f/2.2). Оваа камера се користи при фотографирање каде е потребно да се види повеќе од околината на предметот кој се фотографира.

Тука се и камерата со длабочина од 2 MP (отворeна бленда од f/2.4) и макро камера со 2 MP (отворeна бленда f/2.4). Благодарение на сите овие камери и нивните одлични карактеристики, како и на можноста за мануелно подесување на истите, Huawei nova 9 е телефон со кој и те како може да се направат одлични фотографии на кои би ви подзавиделе.

Телефонот има два вида на автофокус, фазен и контраст фокус, има дигитален зум и резолуција на слика до 8192 x 6144 пиксели. Стабилизација на сликата се прави со AIS. Тоа е технологија на стабилизација базирана на вештачка интелигенција што помага да се направат фотографии со висок квалитет, посебно корисна во ситуации на слаба светлина.

Што се однесува до видеа, со Huawei nova 9 може да се снимаат видеа со резолуција до 3840 x 2160 пиксели, а поддржува и видео со Ultra slow motion 720p@960fps.

Режими на снимање со задна камера се Vlog, Создавач на приказни, АИ-камера, Ултра широк аголен објектив, Ноќ, Портрет, Висока резолуција, Фото, Про, Видео, Видео со двоен приказ, Супер макро, Панорама, Time Lapse, Slow motion, Отвор, Налепници, Документи, подвижна слика, филтер, тајмер, снимање насмевки, аудио контрола, ултра снимка, рафално снимање.

Предната камера на Huawei nova 9 е со фантастични 32 MP и отварање на блендата f/2.0 што овозможува фотографирање на селфи фотографии со резолуција до 6528 x 4896 пиксели и одлична острина. Благодарение на карактеристиките кои ги поседува предната камера видеата можат да бидат до резолуција од 3840 x 2160 пиксели со што телефонот е одличен за видео разговори. Интересно е да се спомене дека и предната камера поддржува Ultra slow motion екран видеа и има повеќе режими на снимање.

Huawei nova 9 не би бил тоа што е доколку не е набилдан со сензори. Па така, во него се вградени сензор за гравитација, сензор за отпечатоци, жироскоп, компас, сензор за амбиентална светлина и сензор за близина. Земена во предвид потребата за брза размена на документи и фотографии, како и најновите начини на плаќања, неизбежна е и NFC опцијата која работи и во режимот за емулација на картички (плаќање со SIM картичка,* или HCE).

Батеријата од 4300 mAh се полни многу брзо, благодарение на 66 W-от супер полнач. Моќноста од 66 W е максималната моќност на полнење и може да се постигне само кога се користат наменскиот полнач и кабел од 66 W HUAWEI SuperCharge.

За крај, како дел од нашето Huawei искуство сакаме да потенцираме дека nova 9 е еден исклучителен телефон кој благодарение на своите карактеристики и можностите кои ги нуди, ќе биде незамелив дел од Вашето секојдневно работење.

Уште детали за Huawei nova 9 може да видите ТУКА

ел. инж. М.Б.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK