HUAWEI WATCH GT 3 PRO Елегантен часовник со спортски карактеристики

HUAWEI-WATCH-GT-3-PRO-18-1-678x381
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

HUAWEI како водечко име помеѓу производителите на паметни часовници со врвен квалитет, со секој нов произведен модел се повеќе ја истакнува својата професионалност, овој пат својата понуда на паметни часовници ја збогати со HUAWEI WATCH GT 3 PRO, кој содржи речиси исти карактеристики како и основниот GT 3 модел, но со некои усовршени и надградени софтверски додатоци. Станува збор за софистициран паметен часовник создаден за оние кои бараат врвни перфоманси.







Овој 46,6 x 46,6 x 10,9 милиметарски модел, со 1.43 инчи AMOLED дисплеј во боја е комплетно изработен од титаниум и сафирно стаклопа благодарение на тоа се издвојува од останатите паметни часовници, делува многу елегантно и според визуелниот впечаток кој го оддава повеќе наликува на класичните аналогни часовници. Изработката овозможува цврстина на куќиштето и голема отпорност при удари и гребење.

Почетниот екран многу лесно се менува и персонализира, нуди прегледност и е читлив дури и кога има силна надворешна светлина, интензитетот на осветлувањето се менува за ноќни и дневни услови. Во ноќни услови часовникот има понежни екрански тонови и не се активира со поместување/ мрдање на раката, туку за да се активира треба да се притисне на страничното копче.

На куќиштето има две копчиња од кои едното е ротирачко и овозможува полесно движење низ опциите, а истото може да се изведе и преку екранот кој  поддржува гестови со лизгање и допир и овозможува скролање низ опциите/функциите.

HUAWEI WATCH GT 3 PRO има многу различни и пренаменети опции за фитнес и вежбање. Овој мултиспортски модел на паметен часовник сега е усовршен  и дополнително ориентиран кон оние кои сакаат да играат голф или да нуркаат. Овој производ ги исполнува барањата на стандардот EN13319 за додатоци за нуркање и поддржува слободно нуркање со максимална длабочина од 30 м. Во таа опција има вклучено и тренирање на суво, односно мерење на тоа колку долго може да го задржиме дишењето.

Покрај сите опции од неговите претходници и огромниот број вградени сензори кои ви помагаат да се грижите за вашето здравје HUAWEI WATCH GT 3 PRO има посебен додаток, а тоа е ЕКГ (електро кардиографија/кардиограм) мерење. Опцијата дава податоци за тоа како работи вашето срце во тој момент, дали постојат потенцијални проблеми и да укаже дали можеби треба да се отиде на преглед или да се побара помош од специјалист. (Oпцијата моментално не е достапна за Европскиот пазар, бидејќи таквите опции се категоризираат како медицински мерни инструменти и потребни се посебни регулативи за истите да се користат на паметните уреди, HUAWEI се уште чека дозвола/одобрување за таа опција да може да биде активирана во земјите низ Европа и истата би требало да биде достапна до крајот на годината).

HUAWEI WATCH GT 3 PRO многу лесно и брзо се поврзува со сите паметни телефони кои имаат Android 6.0, iOS 9.0 или понови верзии, а поддржува и GPS, Bluetooth и NFC (во некои земји), има вградени микрофон и звучник и овозможува лесно да одговарате на повици и пораки.

Батеријата на часовникот трае многу долго, полнењето е безжично и едноставно- полначот со помош на магнет се спојува со внатрешната страна на куќиштето.

Доколку го купите HUAWEI WATCH GT 3 PRO го добивате спакуван заедно со безжичен држач и кабел за полнење и додаток за продолжување на ременот.

Без дилема може да се каже дека покрај безбројните опции кои ви се на располагање, добивате отмен и префинет модел на часовник, па затоа можеме да ви дадеме искрена препорака да го пробате новиот HUAWEI WATCH GT 3 PRO бидејќи сме убедени дека задоволство е да се користи суперквалитетен производ со одлични перформанси и врвен квалитет.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK