Galaxy S24 Ultra создава нови стандарди за издржливост и визуелна јасност на екраните со Gorilla® Armor на Corning®

Corning овозможува невидена издржливост и максимално визуелно искуство на најновиот водечки паметен телефон на Samsung со неговото најцврсто, најотпорно на гребење и оптички најнапредно стакло Gorilla® досега

Samsung Electronics Co., Ltd. и Corning Incorporated (NYSE: GLW) денес најавија дека уредите Galaxy S24 Ultra ќе го имаат новиот Corning® Gorilla® Armor надворешен материјал. Стаклото Gorilla Armor нуди неспоредлива комбинација на издржливост и визуелна јасност, обезбедувајќи побогат приказ при сончева светлина и поголема заштита од оштетување предизвикано од секојдневното носење.

„Стаклото Gorilla® на Corning заедно со серијата Galaxy S поттикнаа иновации и постигнаа значителен напредок кон постигнувањето поголема издржливост“, рече Кванџин Бае (Kwangjin Bae), EVP и раководител на тимот за механичко истражување и развој, Mobile eXperience Business во Samsung Electronics. „Ова партнерство им овозможи на луѓето да ги користат нашите производи со доверба и безбрижност“.

 

Corning® Gorilla® Armor е различен вид надворешен материјал на паметни телефони. Во споредба со обичното стакло, стаклото Gorilla Armor на Corning ја намалува рефлексијата до 75%, со што се подобрува читливоста на екранот и се минимизираат рефлексиите на екранот во речиси секоја средина[1].

 

Новиот надворешен материјал на Corning ја оптимизира издржливоста на Galaxy S24 Ultra. Во лабораториските тестирања на Corning, стаклото Gorilla Armor покажа супериорна издржливост споредено со конкурентните алуминиосиликатни стакла[2]. За да ја измери неговата исклучителна отпорност на гребење, Corning создаде нов лабораториски тест – „Scratch Bot“ – за реплицирање на микро гребнатини предизвикани од секојдневно носење. На овој ригорозен тест, стаклото Gorilla Armor не покажа видливи гребнатини и покажа четири пати поголема отпорност на гребење од конкурентните алуминиосиликатни стакла.

Стаклото Gorilla Armor има во просек 25% рециклирана содржина пред потрошувачка, како што е потврдено од UL Solutions во согласност со UL2809-2 Постапка за проверка на животната средина (ECVP) за рециклирана содржина[3].

 

„Стаклото Gorilla Armor ги спојува истражувачките и инженерските способности на Corning со дизајнот на Samsung насочен кон корисникот и фокусирањето на корисничкото искуство“, рече Дејвид Веласкез (David Velasquez), потпретседател и генерален менаџер na Corning® Gorilla® Glass. „Оваа најнова иновација истовремено се однесува и на потребата за издржливост и на нашата зголемена потреба за подобра оптика – носејќи го искуството со мобилните телефони од иднината во сегашноста“.

 

Лансирањето на телефоните Galaxy S24 Ultra со стакло Gorilla Armor следи по славеничката година за Samsung и Corning. Минатата година, двете компании одбележаа 50 години од водечкото партнерство во индустријата за компаниите. Samsung и Corning првпат соработуваа во 1973 година за да ги направат телевизорите попристапни за потрошувачите во Кореја.

 

Истиот дух на соработка трае веќе половина век. Стаклото Gorilla® Glass на Corning® е претставено на безброј уреди на Samsung, почнувајќи од некои од најраните паметни телефони Galaxy до последните, вклучувајќи ги серијата Galaxy S23, Galaxy Z Fold5 и Galaxy Z Flip5, кои користат стакло Gorilla® Victus®2 стакло на Corning®. Лансирањето на уредите Galaxy S24 Ultra со стакло Gorilla Armor ја продолжува оваа долгогодишна врска посветена на создавање иновации од светска класа и витално значење за индустријата за мобилна електроника.

За Samsung Electronics Co., Ltd.

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, лиените и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom:

http://news.samsung.com. 

 

За Corning Incorporated

Corning (www.corning.com) е еден од водечките светски иноватори во науката за материјали, со 170-годишно искуство во изуми кои го менуваат животот. Corning ја применува својата неспоредлива експертиза во науката за стакло, науката за керамика и оптичката физика, и со своите длабоки производствени и инженерски способности развива производи што ги дефинираат категориите кои ги трансформираат индустриите и го подобруваат животот на луѓето. Corning е успешна компанија поради одржливото инвестирање во истражување и развој, уникатната комбинација на иновации во материјалите и процесите и длабоките односи засновани на доверба со клиентите, кои се глобални лидери во нивните индустрии. Способностите на Corning се разновидни и синергистички, а тоа ѝ овозможува на компанијата да се развива за да ги задоволи променливите потреби на пазарот, истовремено помагајќи им на своите клиенти да доловат нови можности во динамичните индустрии. Денес, Corning е присутна на пазарот за оптички комуникации, мобилна потрошувачка електроника, екрани, автомобили, соларна енергија, полупроводници и природн науки.

 

[1] Тврдењата за перформансите на стаклото Gorilla® Armor на Corning® се засноваат на внатрешно лабораториско тестирање на Corning. Вистинските перформанси може да се разликуваат.

[2] Тврдењата за перформансите на стаклото Gorilla® Armor на Corning® се засноваат на внатрешно лабораториско тестирање на Corning. Вистинските перформанси може да се разликуваат.

[3] Рециклираната содржина пред потрошувачка, како што е дефинирано од UL Solutions, е материјал кој никогаш не стигнал до крајниот корисник, бидејќи бил пренасочен од протокот за отпад во текот на производниот процес.