Тајани: Потребен е итен прекин на огнот во Газа и Израел за да се заштитат цивилите

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави дека е неопходен итен прекин на огнот во Газа и го повика Израел да го заштити цивилното население. „Трагичните смртни случаи во Газа укажуваат на потребата од итен прекин на огнот за да се овозможи поголема хуманитарна помош, ослободување на заложниците и заштита на цивилите. Силно бараме од Израел да го заштити …

Continue Reading

Дојава за бомба на белградскиот аеродром „Никола Тесла“

Вечерва околу 19 часот и 15 минути на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ пристигнала дојава за бомба. По пријавувањето за наводната бомба, патниците биле веднаш евакуирани. Аеродромот е затворен, а летовите се пренасочени кон Темишвар, јавуваат белградските медиуми.

Continue Reading

20 мигранти загинаа во близина на брегот на Сенегал откако се преврте чамец

Околу 20 мигранти ги загубија животите кога нивниот чамец се преврте во близина на брегот на северен Сенегал, изјави  премиерот Амаду Ба. Служба за поддршка на мигранти на мрежата X, соопшти дека чамецот превезувал околу 300 луѓе пред да се преврти во близина на Сент Луис вчера, и дека некои луѓе успеале да допливаат до брегот, додека други се уште …

Continue Reading

Македонските ракометарки убедливо поразени од Шпанија

Foto/ EPA-EFE/Georgi Licovski Женската ракометна репрезентација на Македонија го доживеа првиот пораз во квалификациите за пласман на Европското првенство. Во третото коло, Македонија очекувано загуби од Шпанија со 19:31 (11:17). Македонските ракометарки отпор на фаворисираните протовнички им пружија само во еден дел од првото полувреме, кога имаа два гола негатива. Кога Шпанија го засили темпото, Македонија немаше одговор. Шпанија со …

Continue Reading

Собравме 80.000 евра за Лео, парите ги предадовме на тетка му, соопштија од ДНК

Групата ДНК соопшти дека се собрани 80.000 евра за лекувањето на Леонид Индов. „Собраните средства од хуманата лицитација заедно со златната бубамара, денес беа предадени на тетката на Лео. Господинот Кирче Митрески беше категоричен и не замоли “бубамарата” да стигне кај Лео, се со цел да го потсетува дека не е сам“, соопшти групата ДНК на „Фејсбук“. Како што велат, …

Continue Reading

Русија забрани извоз на бензин на шест месеци

Руската влада објави дека од петок го забранува извозот на бензин на шест месеци, одлука донесена за „стабилизирање“ на цените на бензинските пумпи на домашниот пазар. „Владата од 1 март воведува привремена забрана за извоз на бензин“, соопшти руската влада. Мерката, која ќе важи шест месеци, до 31 август, треба да послужи за одржување на стабилна состојба на пазарот на …

Continue Reading

Песков: Британија и помага на Украина, таа е директно вклучена во конфликтот

Велика Британија и помага на Украина и практично е вклучена во конфликтот, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за руската РТВИ. „Генерално, за никого не е тајна дека Британците навистина обезбедуваат различни форми на поддршка за Украина. И на луѓето на теренот, и на разузнавачите итн. Односно, тие се практично директно вклучени во овој конфликт“, рече претставникот на Кремљ. Изјавите …

Continue Reading

Најмалку едно лице загина во престрелка во САД, неколку се ранети

Најмалку едно лице загина, а неколку други се повредени во престрелка во Орландо, Флорида, САД, соопшти полицијата, а пренесува ABC News. Синоќа околу 23 часот по локално време, полицајците од полициската управа во Орландо добиле дојава за истрели од огнено оружје во реонот на Ајрон Веџ Драјв и Јужното езеро Орландо и по пристигнувањето пронашле повеќе ранети лица, од кои …

Continue Reading

Исплатени 5234 пчелари со вкупна финансиска поддршка од 157.3 милиони денари

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека  Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја изврши исплатата на директните плаќања за регистрирани презимени пчелни семејства. Висината на финансиската поддршка е 600 денари по пчелно семејство. Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои поседуваат минимум 10 пчелни семејства и го оддржувале бројот на пчелни семејства …

Continue Reading