Приведени петмина турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој

Вчера во Скопје од 09:00 до 12:00 часот на територија на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје, постапувајќи по план за пријавно-одјавна служба за месец јуни, ги приведоа М.Е.С. (19), П.С.(23), Ј.С.(19), Д.Г.(250 и Б.Т.Б.(20), сите од Р.Турција, поради нерегулиран престој во државата. По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти полицијата.

Continue Reading

Атлетико му одговори на Реал: „Нè смеете повеќе од Барселона“

Фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид одговори со соопштение на соопштението на Реал Мадрид. Кралевскиот клуб објави дека „јорганџиите“ одбиле понуда од 150 милиони евра за Хулијан Алварез. „Официјално соопштение со наши појаснувања во врска со официјалното соопштение на нашите соседи: 1. Го прекинавте видеото со Папата на местото каде што вели дека е и навивач на Атлетико. 2. Се чини дека …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од ПСЈИЕ во Софија: предвидена средба со Јотова

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска (10 јуни 2026 година, среда) во Софија, Република Бугарија ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). Таа ќе се обрати на пленарната сесија на тема „Компас кон стабилност, безбедност и одржливост“. Домаќин на самитот е претседателката на Република Бугарија, Илијана Јотова. Покрај македонската …

Continue Reading

(Видео) Шампионот е подготвен, а исто така и Меси

Во последниот натпревар пред почетокот на Светското првенство, Аргентина го победи Исланд со 3:0 во Обрн, Алабама. Последните 20 минути ги одигра и најдобриот Аргентинец, Лионел Меси. Меси, кој имаше проблем со повредата е здрав, влезе на теренот против Исланд и постигна гол од пенал во 72-та минута. Аргентинците поведоа со голот на Валентино Барко во осмата минута. А конечните …

Continue Reading

Само еден од 10 Европејци ги гледаат САД како сојузник, покажуваат најновите анкети

Довербата меѓу Европејците во Соединетите Американски Држави како гарант за безбедност е на историски ниско ниво, при што само еден од десет граѓани во 15 европски земји ги гледаат САД како сојузник. Анкетата, исто така, покажа дека мнозинството испитаници во сите анкетирани земји се сомневаат дека Америка ќе им помогне во случај на напад, објавува „Гардијан“. Анкетата, објавена денес од …

Continue Reading

Бенфика го потврди заминувањето на Мурињо и ангажманот на Марко Силва

Фудбалскиот клуб Бенфика, доцна синоќа, потврди дека Реал Мадрид ги платил бараните 15 милиони евра отштета за тренерот Жозе Мурињо. „Реал Мадрид официјално ја потврди својата намера да го ангажира Жозе Мурињо за отштета од 15 милиони евра, тренерот даде согласност. Ти благодариме Жозе“, рекоа од Бенфика. Неколку минути подоцна, португалскиот клуб објави дека наследникот на Мурињо на клупата е …

Continue Reading

Како се потпишува „доверлив“ документ без безбедносен сертификат, ја прашуваат од Левица министерката Божиновска

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, преку објава на социјалните мрежи соопшти дека, преку писмено пратеничко прашање, побарал увид во Меморандумот за соработка во енергетиката што министерката за енергетика, Сања Божиновска, го потпишала во Вашингтон, во април годинава. Но, како што вели наместо копија од документот, од Министерството за енергетика добил одговор со „нејасни формулации за можни ограничувања, меѓународни обврски и …

Continue Reading

Зеленчук што го зајакнува имунитетот и ја подобрува работата на срцето

Сезоната на свеж зеленчук започна сериозно, а тиквичките сè повеќе го заземаат своето место на трпезите. Тие се лесни за подготовка, имаат благ вкус и можат да се вклучат во голем број јадења, но нивната вистинска вредност лежи во нивниот богат нутритивен состав. Тие се полни со витамини, минерали и растителни соединенија кои можат да имаат значителни придобивки за организмот. …

Continue Reading

Советот на амбасадори за германско-француски нон-пејпер: Политички сигнал дека сегашниот модел на проширување во ЕУ не ги дава посакуваните резултати

Од Советот на амбасадори сопштија дека со особено внимание ги проследија неодамнешните иницијативи поврзани со иднината на политиката на проширување на Европската Унија, вклучително и заедничкиот германско-француски нон-пејпер претставен на Самитот во Тиват минатата недела. Овој документ, како што велат, претставува прво формализирање на идеи кои во изминатиот период беа артикулирани низ повеќе иницијативи и политички настапи во рамки на …

Continue Reading