(Видео) Мајката на Навални пред затвор во Сибир: „Ве молам Владимир Путин…“

Видео-Мајката-на-Навални-пред-затвор-во-Сибир-„Ве-молам.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Људмила, мајката на Алексеј Навални, шефот на руската опозиција кој почина во руски затвор, го повика рускиот претседател Владимир Путин да и го предаде телото на нејзиниот син. На видеото снимено пред затворската колонија каде што во петокот почина Навални, таа вели дека пет дена се обидувала да го види телото, но дека не знае каде е.


Сопругата на Навални, Јулија ги повика властите да дозволат неговите најблиски да се простат од него. На семејството му било кажано дека телото на Навални нема да биде пуштено на семејството две недели. Мајката била информирана дека телото е задржано на „хемиска анализа“, пишува Би-би-си.

Руските власти не потврдија каде се наоѓа телото, додека напорите за негово лоцирање постојано се прекинуваат. Јулија Навална верува дека телото на нејзиниот сопруг ќе биде скриено додека не исчезнат трагите од труење со нервниот агенс Новичок.

Во 2020 година, Навални преживеа обид за труење. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги нарече обвинувањата „неосновани и вулгарни“, но истакна дека ќе се воздржи од дополнителни коментари поради Јулија, која пред само неколку дена остана вдовица.

Мајката на Навални упати директен апел до претседателот Путин надвор од сибирската казнена колонија позната како „Поларен волк“, каде што почина нејзиниот син. „Не можев да го видам пет дена, одбиваат да ми го дадат неговото тело, а не ни кажуваат каде е“, се пожалила таа.

„Ве молам, Владимир Путин – се зависи само од вас. Дозволете ми конечно да го видам мојот син. Барам телото на Алексеј веднаш да биде предадено за да можеме да го погребаме пристојно“, додаде таа. Нејзините зборови ги повтори и Јулија во објава на Х.

„Не ми е грижа како портпаролот на убиецот ќе ги коментира моите зборови“, напиша таа, мислејќи на Песков.

„Вратете го телото на Алексеј и нека биде достоинствено погребан, не застанувајте на патот на луѓето кои сакаат да се простат од него“, нагласи таа. Последната изјава уследи по говорот на безбедносната конференција во Минхен и вчерашното емотивно видео во кое таа вети дека борбата на Алексеј за „слободна Русија“ ќе продолжи.

Таа, исто така, ги повика лидерите на ЕУ да не ги признаат претседателските избори во Русија на 16 март и да ги гонат членовите на потесниот круг на Путин кои сè уште се обидуваат да ги избегнат санкциите. Веста за смртта на Навални беше објавена во петокот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK