„Зона на смртта“ на југот од Појасот Газа: СЗО објави видео по влегувањето во болницата во која изврши рација израелската армија

„Зона-на-смртта-на-југот-од-Појасот-Газа-СЗО-објави.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Светската здравствена организација (СЗО) објави снимка од болницата Насер во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, во која нејзините тимови влегоа во неделата, два дена откако израелските војници извршија упад во објектот, откако наводно добиле разузнавачки информации дека има заложници држени од Хамас.


На видеото објавено на мрежата „Икс“, се гледаат медицински работници како ги евакуираат пациентите со факел и ја опишуваат штетата на објектите на болницата. Еден лекар на ОН ја опишува сцената како „зона на смртта“, пренесува N1.

Директорот на СЗО, Тедрос Гебрејесус, претходно објави дека на агенцијата на ОН и е дозволено да влезе во болницата Насер, два дена откако беше одбиено нејзиното барање за влез во медицинскиот комплекс.

Тој изјави дека е помогнато лекување на 14 критични пациенти.

„Во болницата Насер има уште 180 пациенти и 15 лекари и медицински сестри. Болницата и понатаму се соочува со акутен недостиг на храна, основна медицинска опрема и кислород. Водата е исклучена, нема струја, освен резервниот генератор кој ја напојува опремата за одржување во живот“, истакна Гебрејесус во објавата на мрежата „Х“.

Кан Јунис е град на југот на Појасот Газа, каде што засолниште нашле повеќе од милион Палестинци кои побегнале од другите делови на Газа поради конфликтот меѓу израелските сили и палестинската милитантна група Хамас.

Меѓутоа, Израел најавува офанзива и врз Кан Јунис, а хуманитарните организации и бројни светски претставници предупредија дека тоа би значело нова хуманитарна катастрофа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK