Државните училишта во Њујорк утре се префрлаат на онлајн настава поради најавеното зимско невреме, најави градоначалникот на тој град, Ерик Адамс.
„Вечерва не очекува зимско време, поради што би можеле да наврнат од 12 до 20 сантиметри снег“, напиша Адамс на социјалната мрежа Икс.
Националната метеоролошка служба претходно објави дека зимската бура ќе ја погоди областа од централна Пенсилванија до Њујорк и дека најверојатно најтешко ќе биде погодена областа северно од Њујорк, пишува Њујорк Тајмс.
Се очекува дождот да премине во снег во текот на вечерта, а во делови од Њу Џерси и јужен Конектикат се прогнозира повеќе од 8 сантиметри снег.