Жена нападната од ајкула: затворени неколку плажи во Австралија
Тигреста ајкула нападна жена во плитки води во Австралија и тешко ја повреди.
Според медиумите, животното допливало до туристката која во тој момент била во вода до половината.
Нападот се случил во близина на малиот остров Сендлендна западниот брег на Австралија.
Предаторот долг два метри ја каснал жената за десната нога, а веднаш по немилиот настан таа била пренесена во градот Перт.
По инцидентот неколку плажи беа затворени.