Железничкиот сообраќај на Крим е во прекин откако воз излета од шините

voz-krim
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Железничкиот сообраќај е прекинат меѓу Симферопол, главниот град на полуостровот Крим, и градот Севастопол, откако товарен воз што превезувал жито излета од шините, изјави денеска регионалниот шеф назначен од Русија.







Тој инцидент „е резултат на мешање на непознати лица“, се наведува во соопштението на Кримската железница. Во објава на Телеграм, Сергеј Аксјонов напиша дека вагони натоварени со жито излетале од шините и дека нема повредени.

Претходно, каналот База на Телеграм, кој има врски со руските безбедносни служби, објави експлозија на пруга во регионот. Русија вчера го обнови Црноморскиот договор за жито, договор со посредство на Турција кој го олеснува извозот на земјоделски производи од Русија и Украина преку Црното Море.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK