Едно лице е полесно повредено утрово во Рјазанската област, Русија, кога 19 вагони на товарен воз излетале од шините, соопшти Руската железница.
Со полесни повреди се здобил помошникот на машиновозачот.
❗️ In the Ryazan region, in the Russia, 19 cars of a freight train derailed as a result of sabotage on a railroad track
This was reported by Russian railroaders. pic.twitter.com/2lvPHB6ikj
— Slava (@Heroiam_Slava) November 11, 2023
Се нагласува дека поради инцидентот нема опасност по животната средина.
Во соопштението се наведува дека, според првичните информации, поради интервенција на неовластени лица во работењето на железничкиот сообраќај, 19 вагони од товарниот воз излетале од шините, пренесе агенцијата РИА Новости.