Земјотрес со јачина од 7,5 степени ги погоди Филипините, издадено е предупредување за цунами

Земјотрес-со-јачина-од-75-степени-ги-погоди-Филипините-издадено.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Земјотрес со јачина од 7,5 степени го погоди островот Минданао на Филипините, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот бил на длабочина од 63 километри, а наскоро се очекува цунами да ги погоди Филипините и Јапонија, пренесува Ројтерс. Американскиот географски институт процени дека земјотресот бил со јачина од 7,6 степени и длабочина од 32 километри.

Филипинската сеизмолошка агенција PHIVOLCS соопшти дека брановите на цунами може да ги погодат Филипините до полноќ и може да траат со часови.

Јапонската телевизија NHK соопшти дека брановите на цунами до еден метар се очекува да стигнат до западниот брег на Јапонија малку подоцна.

Филипинската владина агенција ги советуваше жителите на источните провинции Суригао Дел Сур и Давао на источниот брег на Минданао веднаш да се евакуираат на повисоките места или да се преселат во внатрешноста на земјата. Пацифичкиот центар за предупредување од цунами соопшти дека очекува бранови од цунами да го погодат јужниот дел на Филипините и делови од Индонезија, Палау и Малезија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK