Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер ја погоди Венецуела

Земјотрес-во-Грција-се-тресеше-кај-Крф.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Венецуела денеска беше погодена од земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот се случил рано утринава, по средноевропско време, на длабочина од 84 километри, се наведува на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на 41 километар северозападно од градот Гуирија и 82 километри североисточно од градот Карупано.

Засега нема информации за евентуални жртви и материјална штета.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK