Земјоделците продолжија да блокираат неколку гранични премини во Белгија и Холандија, забрането е минување на 2.000 камиони

Земјоделците-продолжија-да-блокираат-неколку-гранични-премини-во-Белгија-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Земјоделците и денеска продолжија да блокираат неколку гранични премини меѓу Белгија и Холандија, барајќи намалување на даноците и трошоците за производство и протестирајќи против увозот на евтини земјоделски производи, соопштија белгиските и холандските центри за контрола на сообраќајот.

Во соопштението на платформата Х се наведува дека е блокиран и граничниот премин кон Антверпен, кој е вторo по големина европско пристаниште и втор по големина град во Белгија.

Холандскиот сообраќаен центар ги советува патниците да ги одложат патувањата во Белгија, доколку е можно, поради блокадата на граничните премини, објави „NL Times“. Локалните медиуми објавија дека повеќето од земјоделците кои ги блокираат премините дошле од Белгија.

Во западниот дел на Белгија, земјоделците веќе неколку дена го блокираат сообраќајот на камиони во пристаништето Бриж, а речиси 2.000 камиони се блокирани, јави телевизијата „ВРТ“.

Протести на земјоделците се одржуваат и во други европски земји, меѓу кои Германија, Франција, Полска, Грција, Португалија и Романија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK