Претседателот на Украина, Володимир Зеленски пристигна во ненајавена посета на Словачка, соопшти Кабинетот на словачката претседателка Зузана Чапутова.
Зеленски вчера беше во Бугарија и Чешка, а вечерава е предвидено во Истанбул да сретне со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Украинскиот претседател го засилува притисокот врз членките на НАТО за поголема помош и поддршка за членството на Украина во изминатите недели, пред состанокот на Алијансата во Вилнус следната недела