– Украинскиот претседател Володимир Зеленски кусо по полноќ слета во Берлин од Рим, каде вчера се сретна со италијанските власти и со папата Франциск.
– Веќе во Берлин. Оружје. Моќен пакет. Противвоздушна одбрана. Реконструкција. ЕУ. НАТО. Безбедност, напиша Зеленски на Твитер.
Украинскиот лидер последен пат ја посети Германија во февруари минатата година, непосредно пред избувнувањето на војната, кога учествуваше на седницата на Советот за безбедност во Минхен.
Германските медиуми јавија дека за претпладнево е планирана средба со канцеларот Олаф Шолц и со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.
Во Ахен на Зеленски попладне ќе му биде врачена наградата Карло Велики за придонес во европското единство.