Зеленски вели дека Молдавија би можела да биде следната цел на руските напади

Зеленски-Европа-ни-испрати-јасен-сигнал-ја-чекаме-Америка.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Молдавија би можела да биде следната цел на руските напади, пренесува „Скај њуз“.


Тој го изјави ова откако Русија денеска изврши големи напади врз електрани во централна и западна Украина.

Според локалните власти и украинскиот министер за енергетика, Герман Гелушенко, нападнати биле енергетски постројки, термо и хидроелектрични централи во областа Камјанск во близина на градот Днепро, како и енергетската инфраструктура во регионите Дњепропетровск, Полтава и Черкаси.

„Терористичката држава Русија сака да ја повтори еколошката катастрофа во регионот Херсон по уништувањето на браната Каховка“, изјави денеска Зеленски.

„Овој пат не е загрозена само Украина, туку и Молдавија“, додаде тој и повторно ги повика западните земји да и помогнат на Украина со испраќање опрема за противвоздушна одбрана, велејќи дека мора да дејствуваат „брзо и решително“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK