Зеленски: Украина и земјите од Балканот треба заедно да произведуваат оружје, важно е Путин да загуби

Зеленски-Украина-и-земјите-од-Балканот-треба-заедно-да-произведуваат.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Владимир Зеленски предложи денеска на Самитот во Тирана да се создаде специјален форум за одбранбената индустрија меѓу Украина и балканските земји и презентираше предлог за заедничко производство на муниција.


„Горди сме што во Украина работат околу 500 одбранбени компании, но тоа не е доволно за да се победи Путин. Гледаме проблеми во снабдувањето со муниција и заинтересирани сме за заедничко производство на муниција со вас“, рече Зеленски, додавајќи дека безбедносните напори на Украина и балканските земји треба да се испреплетат и зајакнат.

Тој посочи дека Украина и балканските земји заслужуваат да бидат дел од европската и евроатлантската заедница.

„Ние веруваме дека почитувањето на секоја нација и правото на безбедност треба да бидат универзални принципи. Тоа може да се постигне преку соработка. Сметаме дека секоја земја во Европа која ги поддржува принципите на европската заедница и сака да стане членка заслужува полноправно членство во ЕУ“, рече Зеленски.

За време на својот говор, Зеленски му се заблагодари на домаќинот на Самитот, албанскиот премиер Еди Рама, за поддршката што Албанија му ја дава на Киев.

„Му благодарам на премиерот Рама за неговата лична поддршка, како и поддршката од целата земја. Го ценам гостопримството и можноста да разговараме за тоа како да ја зајакнеме цела Европа. Сега се одредува патот по кој ќе оди Европа во следните генерации“, рече Зеленски и додаде дека за сите слободни земји е важно режимот на рускиот претседател Владимир Путин да изгуби. Албанскиот премиер Рама истакна дека Албанија е „длабоко почестена“ што Зеленски пристигна во Тирана.

„Тоа е војна што не ја избра Украина, ниту заедницата на народи, таа произлезе од стариот империјалистички сон“, рече Рама.

„Путин сакаше да ја избрише Украина од мапата за неколку дена, но денес таа е поприсутна од кога било“, рече Рама.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK