Зеленски следната недела во САД: ќе се сретне со Бајден и ќе се обрати во Конгресот

Зеленски-следната-недела-во-САД-ќе-се-сретне-со-Бајден.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, следната недела треба да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа во Вашингтон.


Зеленски и Бајден треба да бидат заедно во Њујорк на годишното Генерално собрание на ОН во вторник и среда. Средбата меѓу двајцата претседатели во Белата куќа најверојатно ќе се одржи во четврток, пишува Си-би-ес.

Зеленски лично ќе им се обрати на претставниците во американскиот Конгрес

Зеленски доаѓа во Вашингтон додека администрацијата на Бајден го турка Конгресот да одобри дополнителни 13 милијарди долари дополнително воено финансирање за Украина.

Украинскиот претседател ќе има можност лично да им се обрати на претставниците, пишува АП.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK