Русија подготвува дополнителна мобилизација од 300.000 војници на 1 јуни, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски по средбата со финскиот претседател Александар Стуб во Киев.
Одговарајќи на новинарски прашања за тоа колку регрути ќе бидат мобилизирани во украинската армија оваа година, Зеленски рече дека половина милион војници нема да бидат потребни, пренесе Интерфакс Украина.
„Кога станува збор за конкретната бројка на луѓе кои ќе бидат мобилизирани, не можам да кажам. Не ни требаат половина милион“, рече Зеленски.