Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја критикуваше посетата на индискиот премиер Нарендра Моди на Москва во моментот кога руски ракети погодија детска болница во Киев.
Зеленски рече дека посетата е „огромно разочарување и тежок удар за мировните напори“, според Си-Ен-Ен.
Вчера во руските ракетни напади врз Украина загинаа најмалку 41 лице, а 149 беа ранети, соопштија украинските власти.