– Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од Германија да ја поддржи неговата земја со приклучување кон коалицијата за снабдување со модерни борбени авиони.
Украина работи на „создавање коалиција за борбени авиони“, рече Зеленски на денешната средба во Берлин со германскиот канцелар Олаф Шолц, јави ДПА.
– Многу е важно Украина да ги координира нашите напори … Русија во моментов има доминантна моќ во воздушниот простор на Украина – ситуација која треба да се промени, рече Зеленски.
Шолц не вети ништо, велејќи дека Германија и доставила на Украина многу воено оружје и дека ќе продолжи да го прави тоа. Тој рече дека Берлин „се концентрира“ на тоа на Украина да и обезбеди системи за противвоздушна одбрана.