Зеленски: Подготвени сме за средбата Трамп-Путин


zelenski56.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предложи трилатерален состанок со шефовите на државите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, за да се унапредат мировните преговори за војната во Украина, а воедно го повика Вашингтон да воведе нови санкции кон Москва.


„Подготвени сме за форматот Трамп-Путин“, рече украинскиот претседател на прес-конференција во вторник, беше објавено утрово.

„Ако на Путин му е непријатно да има билатерален состанок или ако сите сакаат трилатерален состанок, немам ништо против тоа. Подготвен сум за кој било формат“, додаде Володимир Зеленски, кој се очекува во Берлин подоцна во текот на денот.

Зеленски вели дека најреални места за мировни преговори се Турција, Швајцарија и Ватикан.

Украинскиот претседател, исто така, го повика Вашингтон да воведе нови санкции против Русија, која досега ја отфрла идејата за општо и безусловно 30-дневно примирје со Украина, предложено од САД и поддржано од Киев.

„Очекуваме санкции од Соединетите Американски Држави“, особено против рускиот „енергетски сектор и банкарски систем“, рече Зеленски.

Тој, исто така, истакна дека Киев сè уште не го добил од Москва „меморандумот“ што Русија го спомена минатата недела, во кој треба да се наведат условите на Русија за траен мировен договор по три години руска инвазија на Украина.

„Ќе ги прочитаме нивните предлози и сигурно ќе одговориме на нив“, кога ќе ги добиеме, рече тој.

Руската дипломатија претходно објави дека ќе го проследи документот до Киев откако ќе заврши размената на затвореници од големи размери минатиот викенд.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK