Зеленски: Очигледно, радијацијата не прашува кој е неутрален и може да стигне до кого било во светот

zelenski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави дека Украина на меѓународните партнери им доставила целосни информации за ситуацијата околу нуклеарната централа Запорожје и акциите на руските сили.

-Одржавме брифинг за нашите партнерски земји за ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје. Имаше претставници на земјите од Г7 и Г20, како и претставници на меѓународни организации. Овде, во канцеларијата, изјави украинскиот претседател.


„Дирекцијата на Генералното разузнавање, тимот на Канцеларијата, нашите дипломати обезбедија достапни информации. Нашиот принцип е едноставен: светот мора да знае што прави окупаторот. Секој што знае мора да дејствува“, рече Зеленски во своето редовно ноќно обраќање до граѓаните, пренесе Укринформ.

Тој посочи дека никој во светот не треба да има илузии за Русија „по рускиот терористички напад на ХЕ Каховка и намерните терористички напади врз други брани и енергетски објекти“.

-Русија е таа што сега е глобален центар на цинизмот и секоја наредба за секое зло за кое тие се надеваат дека ќе прикрие катастрофа може да дојде од таму. Светот има доволно моќ да спречи какви било инциденти со радијација, а камоли катастрофа со радијација, посочи Зеленски и додаде дека разузнавачките служби на различни земји можат да дадат соодветни сигнали и да го извршат потребниот притисок.

Тој истакна дека Украина ќе продолжи да ги информира своите партнери, како и дека информациите ќе бидат доставени до оние земји кои одржуваат одредена неутралност.

-Очигледно, радијацијата не прашува кој е неутрален и може да допре до кого било во светот. Според тоа, сега секој во светот може да помогне и сосема е јасно што треба да се направи, рече Зеленски.

Украинскиот претседател претходно изјави дека Руската Федерација го разгледува сценариото за терористички акт во нуклеарната централа Запорожје и дека веќе има подготвено се за тоа, што Кремљ го демантираше.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK