Зеленски: Намерата на Трамп да ја прекине војната во Украина со отстапки може да биде опасна и за Америка

tramp1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека намерата на републиканскиот претседателски кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп да ја прекине војната во Украина со помош на отстапки, може да биде опасна не само за Украина, туку и за позицијата на САД во светот, бидејќи, како што наведе, рускиот претседател Владимир Путин нема намера да застане доколку победи во војната.

Зеленски во интервју за „Гардијан“ рече дека е убеден дека Путин нема да застане во Украина и ќе оди понатаму доколку победи во војната.

Зеленски оцени дека евентуалниот договор меѓу Трамп и Путин за крајот на војната во Украина нема да го спречи рускиот претседател да освојува и дека тоа би значело дека Трамп е губитник, пренесе агенцијата РБЦ Украина.

„И тогаш Путин ќе продолжи понатаму, сфаќајќи дека САД веќе не се толку голем играч, а потоа на арената ќе влезат други авторитарни лидери на други земји. Ова е трета светска војна“, рече Зеленски.

Трамп претходно има изјавено дека наводно ќе може да ја прекине војната во Украина за неколку дена со директно контактирање со Путин.

Трамп неодамна даде изненадувачка најава за време на една од неговите средби со потенцијалните донатори на кампањата, велејќи дека тој „ќе ги бомбардира Москва и Пекинг доколку Русија ја нападне Украина или Кина го нападне Тајван“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK