Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја предупреди Европа дека без Украина „нема шанси“ против Русија.
Тој додаде дека победата на Украина е од витално значење за запирање на Кремљ пред да го нападне остатокот од Европа.
„Европа без украинската армија нема да може да се справи со руската армија бидејќи таа е бројно супериорна. Русија има повеќе оружје, повеќе луѓе и е посурова од Европејците“, изјави Зеленски за полскиот медиум Онет.
Зеленски рече дека западните сојузници на Украина не ја сфаќаат големината на експанзионистичките амбиции на рускиот претседател, кои нордиските и балтичките земји.
„Западот не сака да ја признае единствената вистина за Русите, а тоа е дека тие ќе одат понатаму. Во тој факт се содржани одговорите на сите прашања. Зошто да не ја зајакне Украина што е можно повеќе, да го зголеми нејзиното домашно производство за вооружените сили“, додаде тој.